АЗ Алкмар со 1-0 ја совлада Легија Варшава во меч од 2. коло во Лига Конференции. После натпреварот, од за сега нејасни причини, дел од делегацијата на Легија Варшава била спречувана од полицијата и редарските служби да си влезе во клупскиот автобус во подтрибински простор и да си замине.
После некое време напната атмосфера, започнале инциденти и тепачка меѓу луѓето од управата на полскиот клуб и полицијата која употребила сила и со пендреци го удирала и претседателот на Легија Варшава Дариуш Миоудски.
Тој денес рекол дека управата на АЗ Алкмар им наложила на навивачите на Легија да купуваат карти во Хаг (83 километри оддалеченост). „Тоа е како ние од Варшава да им речеме имате карти во Краков (294 км)“, рекол Миоудски денес на прес.
Policja i ochrona nie chciała wypuścić piłkarzy i członków sztabu szkoleniowego Legii spod stadionu. Zaatakowani zostali piłkarze, sztab i prezes Mioduski. Trener przygotowania motorycznego został pobity pałkami!!! Gigantyczny skandal w Holandii!!!!!!! @PrawdaFutbolu… pic.twitter.com/VIHCFREWqQ
— Paweł Gołaszewski (@golaszewski_p) October 5, 2023
Никому не му било јасно зошто така жестока реакција на холандската полиција кога се можело да се реши низ разговор. Ситуацијата не се смирила, напротив полицијата ги задржала фудбалерите на Легија Варшава, Португалецот Жозуе и Србинот Радован Панков.
Со нив двајца во полициска станица останале и директорот на Легија и адвокат а сите останати играчите и стручниот штаб со управата се вратиле за Варшава.
Холандски Voetbalzone пишува дека при гужвата надвор од стадионот Жозуе и Панков наводно турнале некое лице од редарските служби кое удрило од ѕид и се повредило па го пренеле во болница. Жозуе и Панков влегле во автобус но полициските службеници брзо ги извадиле од таму и привеле. Им се заканувало и обвинение за нарушување на јавен ред и мир.
Уште истата вечер, целата полска дипломатија станала на нозе да испита што се случило и да им помогне на фудбалерите на Легија Вашава.
„Ја следиме ситуацијата во врска со настаните од Алкмар и други места во Холандија. Нашите конзули веќе му пружија поддршка на клубот и вработените. Поради националностите на двајцата приведени фудбалери соодветни информации им дадовме и на конзулите на Португалија и Србија. Посебно анализираме дали холандската полиција и вработените во клубот АЗ Алкмар го прекршиле законот против полските државјани и вработените во Легија поради нивната националност или употреба на полски јазик. Сите наши граѓани кон кои се случиле несоодветни акции, ги молиме да ни се јават во Конзуларното одделение при Амбасадата на Република Полска во Хаг“, изјавил државниот подсекретар во полското МНР, Павел Јаблонски.
Се огласил и полскиот премиер Матеуш Моравијецки кој најавил покренување дипломатски врски за да се реши ситуацијата.
„Многу вознемирувачки извештаи од Алкмар. Му наложив на Министерството за надворешни работи да покрене дипломатски акции за да видиме што се случило. Кон полските играчи и навивачи мора да се однесуваат во согласност со законот“, рекол Моравијецки.
Портпаролот на Легија Варшава, Бартош Заславски рекол дека не му е јасно зошто полицијата така групо постапила:
„Автобусот беше три четвртини исполнет. Сакавме само да си одиме. Не видов никаков повод за ваква рекација. Претседателот го туркаа и го удираа, се сними, му го земаа телефонот од рака, но не е уапсен. Нашите играчи се уапсени. Никој не знае зошто. Не бевме агресивна страна ние сме нападнати. Можеби Жозуе и Панков биле најгласни? Тешко е да се каже, навистина не ја знам причината“.