Милан во 87' минута конечно стигна до водство преку Кристијан Пулишиќ, а до крајот од мечот голот им го чуваше центарфорот Оливие Жиру зошто Мајк Мењан доби црвен картон, а тренерот Пиоли немаше веќе право на замени зошто ги искористи сите.
Еве зошто беше исклучен Мењан кој ќе го пропушти дербито со Јувентус по репрезентативна пауза:
На овој меч беше исклучен и голманот на Џенова Хозеп Мартинез во длабоко судиско продолжение и ова е вторпат во историјата на Серија А двајца голмани на еден меч да добијат црвени картони. Претходно на 28. март 1992 на дуел меѓу Интер и Торино биле исклучени Абате и Маркеџани.
Оливие Жиру влезе во игра во 66' минута наместо Флоренци и никој не претпоставуваше дека на крајот ќе заврши со голмански ракавици:
„Никогаш не сум доживеал ваков момент. Многу сум горд на екипата. Имав среќа со пречката, после направив голема парада. Се боревме како лавови и многу сум среќен за навивачите“, рекол Жиру после дуелот за Скај Спорт.
Французинот ја раскажа и акцијата во која излезе како одличен голман кога му блокираше удар на Пушкаш. „Си реков, оди подобро излези на топка отколку да стоиш на гол. Немам автоматизми како голман туку така почуствував. Ми го сруши рамето, ама добро... Парадата? Беше како гол. Уште од мал сум сакал да бранам, затоа отидов јас наместо Мењан. Сега дресов ќе си го однесам дома и ќе го врамам“.