Вечерва на „Енфилд Роуд“ ќе играат брат против брат

Светскиот шампион со Аргентина, Алексис Мек Алистер летово направи голем трансфер од Брајтон во Ливерпул. Фудбалската судбина сакаше тимот од „Енфилд Роуд“ да падне во Лига Европа со белгиски Унион Сен Жилоа за кој игра брат му Кевин Мек Алистер кој е дефанзивец. Од таа причина црвените организирале онлајн муабет на браќата.

Натпреварот од 2. коло во Лига Европа Ливерпул - Унион Сен Жилоа е од 21 часот. Црвените веќе имаат една победа во прво коло против австриски ЛАСК на гости. Во оваа група е уште и француски Тулуз.

 

Кој е блескавиот Аргентинец со британско презиме кој игра супер Светско

 

5 октомври 2023 - 15:05