Нови спортови на Олимписки Игри за кои не сме слушнале

Меѓународните олимписки и паралимписки комитети се сè поблизу до одлуката да воведат пет нови спортови на Олимписките Игри 2028 во Лос Анџелес. Веќе во Париз следното лето ќе гледаме нови спортови а некои култни нема да ги има, а за во САД се планираат и не баш познати спортови.

Меѓу предлозите кои ги разгледува Меѓународниот олимписки комитет (МОК) се флаг фудбал, лакрос, сквош, крикет и бејзбол/софтбол. Одлуката дали овие не баш популарни спортови ќе ги гледаме на Олимписки Игри ќе се носи на 16. октомври на заседување на Извршниот одбор на МОК во Мумбај (Индија).

Ако ги одобрат, крикетот ќе стане спорт кој се враќа на Олимписки Игри после далечната 1900-та година а флег фудбалот и сквош би дебитирале на олимписка сцена.

Флег фудбал е верзија на американски фудбал со слични правила кој се игра н отворен простор. Најголема разлика со американскиот фудбал е во тоа што не е дозволен контакт меѓу играчите како блокирање, влечење, соборување на земја и сл. Тимовите се состојат од 4 до 11 играчи. Овој спорт е развиен во САД, Канада и Австралија.

Бејзбол/софтбол и лакрос нема да ги има на ЛОИ во Париз следната година.

За Олимписката програма во главниот град на Франција веќе се сигурни 28 спортови меѓу кои: акватикс (пливачки дисциплини/пливање, ватерполо, скокови во вода и синхронизирано пливање), фудбал, голф, гимнастика, ракомет, хокеј, џудо, веслање, рагби, едрење, пукање во мета, брејкденс и скејтбординг (најконтроверзни на цела листа), спортско качување, сурфање, пинг-понг, таеквондо, тенис, тријатлон, одбојка и борење.

Во Париз сигурно нема да има класични и култни спортови како карате, кревање тегови и бејзбол.

10 октомври 2023 - 10:29