Лестер Сити игра фантастично и на 11 меча во втората лига Чемпионшип имаат 10 победи и 1 пораз. Први се на табела и имаат одлична подлога до крајот од сезоната да обезбедат експресно враќање во Премиер лига. Минатиот викенд во саботата Лестер со 2-0 го совлада Стоук Сити. Стрелци: Ихеаначо и Варди. Ама видете ја оваа асистенција на данскиот стопер Јаник Вестергард која за малку Нигериецот Ндиди не ја круниса со гол. Штета.