Два историски рекорди на мечот Гранада - Барселона

Барселона спасуваше едвај бод против претпоследнопласираната Гранада во натпревар во кој гостите дадоа гол за 2:2 во 85’ минута. Гранада водеше 2:0 така што Барса може да биде презадоволна од бодот. Интересно на овој меч имаше два рекорди.

Прво во 17’ секунда најбрз гол во клупската историја на Гранада и најбрз погодок кој Барса го примила во шпанска Ла Лига постигна Брајан Сарагоса кој доби повик денес и за шпанската репрезентација.

Интересно после 22’ секунди гол против Барселона во Ел класико даде Карим Бензема во 2011-та година. 

Официјално најбрз гол на сите времиња во шпанска Ла Лига реализираше Хозеба Љоренте после само 7 секунди на мечот Ваљадолид - Еспањол во сезоната 2007/2008.

Вториот најбрз гол на сите времиња е дело на Хуанми на 14 април 2009-та година за Малага против Еибар кога погодил после само 12 секунди фудбал.

Најголемото откритие од почеток на сезоната во Ла Лига, Брајан Сарагоса само 29 минути подоцна зголеми на високи 2-0 за Гранада:

На истек на првиот дел Барселона намали преку Ламин Јамал кој стана најмладиот стрелец на гол во историјата на шпанска Ла Лига со само 16 години.

Ламин Јамал со гол на 16 години и 87 дена го надмина досегашниот рекорд во Ла Лига кој го држел младиот Камерунец Фабрис Олинга со погодок за Малага на 16 години и 98 дена во 2012-та година против Селта Виго.

9 октомври 2023 - 08:44