
Жиру на 37 години направи нешто што ќе го раскажува по внуци и во документарци. Напаѓачката улога во Милан за момент ја смени во голманска и со жестока реакција го спаси својот тим да не прими гол.
По неколку минутното гоманско искуство, кое на големо се зборува во Италија и пошироко, Милан на својот официјален веб сајт го смести искусниот напаѓач меѓу голманите.
И не само тоа, туку почна да продава и дресови кои отидоа како алва.
Инаку Серија А го состави тимот на колото и знаете кој се наоѓа на голманската позиција? Оливие Жиру.