Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Да видиш ти судија како ја збрца во гол па уште и го призна

Не знаеме што точно се случува во нашата четврта лига, ама сигурни сме дека до сега не се случило судија да постигне гол и мртов ладен да го признае. Холанѓаните тоа го доживеаа во истиот ранг. Неверно.

За 1-ви мај скриени во Арена пред Партизан - Реал

Картите за дуелот Партизан - Реал Мадрид во рамки од 1/4 финале на Евролига биле распродадени како алва. Нема веќе влезница ни кај тапкароши. Затоа двајца паметковци нашле начин како да преспијат до дуелот во вторник и за 1-ви мај се скриле во Арената.

Наполитанското лудило низ објективот на англиски јутјубер

Извесен Thogden на Јутјуб го следат скоро 1,5 милиони фанови. Доживеал многу јаки фудбалски и навивачки патешествија и овој пат решава да се спушти во Неапол. Се меша меѓу навивачи од почеток до крај и целосно ја доловува неверојатна наполитанска страст за фудбал која експлодираше кога Наполи имаше водство за титула. Вакво нешто вели дека не се доживува во Англија.

Кам бекот на најславниот навивач на Лејкерси

Го немаше скоро две години на натпреварите на Лос Анџелес Лејкерс и општо во јавност, па излегоа разни шпекулации дека не излегува од дома и дека е во депресија. Џек Николсон кој беше главен холивудски декор во прв ред за време на Шек и Коби, се врати на старо место на 86 години.

Харден сам, без Ембид го стокми Бостон со 45 поени

Кошаркарите на Филаделфија го совладаа Бостон на гости 119:115 и направија брејк на почетокот на полуфиналната серија на Исток. Главен јунак кај Севентисиксерс, во отсуство на кандидатот за МВП Жоел Ембид, беше Џејмс Харден кој одигра неверојатна средба со 45 поени и 6 асистенции.

Никола Јокиќ го разби Феникс, но шоуто го украде ќерка му

Со уште една фантастична партија, српскиот репрезентативец го разби силниот Феникс Санс во полуфинале на Западната конференција. Неговите Нагетс сега водат со убедливи 2-0 по триумфот 97:87 во кој Јокиќ постигна страшни 39 поени со 16 скока и пет асистенции, две украдени топки. Ама шоуто на крај ѝ припадна на ќерка му Огњена.

Аман бе Салернитана, што им направи?

Се остреа илјадници навивачи на Наполи во неделата на мегаломански начин да прослават скудето кое го сонуваат 33 години! Сè беше спремно, накитени плоштади, знамиња по тераси, бакљи од балкони, офарбани тротоари, украсени семафори. Наполи ја пречека Салернитана и со победа ќе беше промовиран во нов шампион зошто Лацио убедливо изгуби од Интер. Ама комшија ако не те зезне кој друг?

Тухел метод - спуштен шорц

Баерн Минхен се обидува да ја спаси сезоната па откако испадна од Лига на шампиони и германскиот Куп, сега единствено чаре за да ги задоволи навивачите е титулата во Бундеслига. После 30 кола му бегаат само 1 бод на Дортмунд со кого се бркаат долго време и ќе се бркаат уште четири кола. Тренерот Тухел нашол начин како играчите да му бидат будни.

Домашната работа на Пикфорд изработена на шише

И во понеделничката сиромашна фудбалска програма ќе се најде по нешто примамливо и интересно. Како на пример дуелот за опстанок во Премиер лигата на кој во центарот на вниманието е голман.

Зошто треба да се има голема почит за германскиот фудбал

Каква сцена ни доаѓа од Германија. Во првиот дел, некаде во 20-та минута од меч од трета лига меѓу Висбаден и Мепен, едниот линиски судија незгодно нагазува крај аут линијата во една дупка и се повредува. Како што во трета лига во Германија судат судиски бригади од тројца арбитри, главниот го прекинал мечот и ги пратил екипите во подтрибински простор.

Ристовски како водач на БББ бараше да се скандира за Адеми

На 4 кола до крај, Динамо Загреб ја слави новата шампионска титула откако освои бод на гости против Хајдук на кој му бега 12 бода. Рики во елемент.

Дно дна потег на тренерот на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје со победа против Кожуф од 83:69 го стартуваше четвртфиналето од плејофот. Втората четвртина од мечот донесе циркузантска сцена со тренерот на домаќините, Драган Николиќ кој незадоволен од судиска одлука, влезе на терен и бесрамно собори противнички играч.

Гоце, јунаку, фала ти за сè

Долгогодишното крило на македонската ракометна селекција, Гоце Георгиевски после многу извојувани битки за националниот дрес, вечерва за последен пат настапи за Македонија и заминува во заслужена репрезентативна пензија. По крајот на мечот, Георгевски кој го постигна последниот гол на мечот за триумф 30-27, соиграчите го кренаа и фрлаа еуфорично на раце додека салата го скандираше неговото име.

Македонија со триумф над Турција оди на Европско првенство 2024

Македонската ракометна селекција одигра неизвесен меч со Турција во последното коло од квалификациите и со победа 30:27 удри печат на пласманот на Евро 2024 кое ќе се игра во Германија.

Неапол почна да еруптира уште кога Интер поведе против Лацио

Наполитанците се спремаат за историја. Лацио поведе во првиот дел против Интер на мечот од 12:30, резултат со кој ќе го одложеше огромното славје во Неапол, но Интер направи пресврт кој беше бурно поздравен од страна на навивачите на Наполи кои рокаа петарди на големо. Со триумф над Салернитана од 15 часот се и математични шампиони.

Не сме свесни каква легенда имаме, цела Џузепе Меаца со овации го поздрави Пандев

2010-та станува се подалечна година, ама на Интер и навивачите им е како да беше вчера. 13 години подоцна, уште го пречекуваат со сите нишани. Е тоа е Горан Пандев.

Ретка бразилска магија на Родриго до Бензема

Реал Мадрид и Барселона синоќа им дадоа по четири гола на своите ривали, Алмерија и Бетис, со тоа што „кралевите“ примија два гола од гостите. Карим Бензема постигна хет-трик, еден гол даде и Бразилецот Родриго кој претходно феноменално асистираше до Французинот.

Тинејџерска сензација, 15-годишно дете дебитираше за Барселона

Синоќа на „Камп Ноу“ гостуваше Бетис кој прими четири гола. При комфорно водство на Барселона и двајца играчи повеќе поради црвен картон за гостите и повреда на Хоакин без право на замена, тренерот Чави имаше луксуз да испише историја со еден потег.

Најдобриот фудбалски тим во историјата според Чет-ГПТ

Мега популарната компјутерска вештачка интелигенција не е дека не се разбира во фудбал. Има некои забелешки во коментари што ги нема Кројф, Зидан и Роналдињо, ама па кој попрво во први 11.

Спектакуларна инаугурација на новиот постер со Марадона во Неапол

Наполитанците имаат чудесна страст за фудбал и само нивната веројатно може во некој поглед да се спореди со онаа на Аргентинците. Додека бандата на Спалети им ја крчка титулата, тие вадат нов постер со Марадона и од тоа прават шоу, веројатно како потсетување на нивната најголема легенда која им ги донесе досегашните две Скудета.

Фина идеја на германска Фортуна Дизелдорф, ќе ја следат ли останатите?

Германскиот клупски фудбал со години е синоним за прави вредности. Трибините се полни, навивачите до уши вљубени во фудбалот, а клубовите строго се држат до традиционалното правило 50%+1 од акциите да им припаѓаат на навивачите. Сега од Дизелрдоф стигнува нова пријатна најава.