Каква фешта во Бразил, Гремио губеше 3-1 на полувреме па Суарез направи шоу

Уште едно големо дерби на бразилскиот фудбал заврши спектакуларно. Ботафого и Гремио режираа луд меч со дури седум гола.

Во 33. коло од бразилската Серија А, Ботафого на полувреме водеше убедливо 3-1 и се чинеше дека мечот е веќе решен. Но така не мислеше и ветеранот Луис Суарез кој со 36 години за само 19 минути постигна хет-трик!

На крајот победа за Гремио 3-4. Уругваецот за тимот од Порто Алегре сезонава има 23 гола и 16 асистенции на 48 меча во сите натпреварувања и е убедливо најдобар играч во бразилската лига.

Ел Пистолеро стрелаше прецизно во 50’, 53’ и 60’ минута за луд пресврт 3-4:

Во меѓувреме се појави вест дека Луис Суарез наводно веќе се договорил со богатиот Интер Мајами каде ќе му се придружи на добриот пријател Лионел Меси. Некогашната ѕвезда на Гронинген, Ајакс, Ливерпул и Барселона потпишал договор по шема 1+1 и ќе го напушти Гремио зимава во јануари.

10 ноември 2023 - 10:06