Најчудниот старт со кој беше сопрен Роналдо

На 6-ти јуни 2004-т година на меч од квалификации меѓу Чиле и Бразил, одбранбениот фудбалер на Чилеанците, Луис Фуентес успеа да го сопре Феноменот со необичен старт. Во Јужна Америка овој потег го завикале „кулебриња“ а некои го викаат и змиски потег.

 

„Ако не успеев, ќе испаднев будала. Скоро пријатели ми пратија снимка од некој на игралиште кој пробал исто ама не му успеало и тоа ме изнасмеа. Тренерот Хувенал Олмос ми даде диск со игрите на Роналдо на кои имаше многу негови натпревари. Се прашував како да го сопрам феноменот. Многу тешко. Видов дека Роналдо секогаш прави потег од лево на десно и дека полесно ќе го скротам на десно. Си реков тоа единствено ми останува. Бев сигурен во себе. После тоа никогаш повеќе во кариерата не го направив истото. Никогаш повеќе за да не испаднам смешен ако не успее“, рекол Фуентес години подоцна.

8 ноември 2023 - 14:16