Другари, дојдете да ви кажам како се влегува на ЛШ без карта

На стадионот на Борусија Дортмунд тешко се стига до карта, особено за Лига на шампиони на меч против премиерлигаш од каде и меѓу гостите е тепачка за место. Чаре? Треба да ја погодиш маската.

„Интересна приказна доаѓа од последното коло во Лигата на шампионите каде Њукасл му гостуваше на Дортмунд.

Билетите за мечот на „Сигнал Идуна Парк“ беа распродадени, а еден Англичанец изведе генијален потег.

Затоа што е голем фан на премиерлигашот, реши да ризикува. Се облече како редар и тргна во својата мисија - да влезе на стадион. И успеа во тоа.

Погледнете ја фотката додека им раскажува на другарите како го извел потегот...“

10 ноември 2023 - 12:54