Не се чекаше многу на одговор на Мурињо до Сари

Тренерот на Лацио Маурицио Сари по триумфот над Феенорд во Лига на шампиони а во пресрет на вечното римско дерби во недела (18:00), го пецна Жозе Мурињо. „Тие играат пријателска а ние вечерва водевме војна“, рекол Сари за мечот на Рома против Славија Прага во Лига Европа и за дуелот на Лацио во Лига на шампиони.

Мурињо со одговор:

„Мислам дека ако некој треба да се чувствува навреден од тој коментар тоа е Славија Прага, не јас. Исто како да кажал дека Славија нема квалитет.

Јас секогаш ги почитувам моите противници. Можеби тоа лежи во разликата на тренер кој освоил 26 трофеи и друг кој не освоил ништо: тоа е менталитет.

Секој меч мора да се сфати сериозно, нема пријателски. И би сакал да слушнам реакција од Серија А, зошто ова е предмет и директна критика. Така што чекам“.

9 ноември 2023 - 15:26