Само два дена откако даде гол во Премиер лигата и извади маица „Ослободете го татко ми“, заврши двонеделната голгота на Луис Диаз околу киднапирањето на неговите родители во Колумбија. Прво ја ослободија мајка му, а подоцна и татко му. Фамилијата и пријателите го пречекаа со славје.