Родителите на колумбискиот репрезентативец Луис Диаз беа киднапирани пред повеќе од една недела, мајка му била брзо ослободена од киднаперите, но од татко му се уште нема ни трага ни глас.
Колумбиските безбедносни служби соопштуваа дека постои голема веројатност татко му на Луис Диаз да е префрлен нелегално во соседна Венецуела.
И покрај тоа, Диаз се решил да остане во Ливерпул, да тренира со првиот тим. Јирген Клоп реши и да му даде шанса на Колумбиецот на мечот со Лутон, а Дијаз врати со гол во последните моменти од мечот.
Го прослави така што под дресот покажа маица на која пишуваше: „Ослободете го татко ми“.
На 5 октомври стигнала вест дека зад киднапирањето стои таканаречената Армија на национално ослободување (ELN), колумбиска радикална левичарска организација, втора по број на членови и вооружување во Колумбија.
Наводно, до ослободување на татко му на Дијаз за кого викаат дека го киднапирале по грешка може да дојде скоро. Тоа го потврдил еден од лидерите на таа револуционерна организација, Елисер Ерлинто Чаморо Акоста. „Луиз е симбол на Колумбија и ние го чувствуваме тоа во ЕЛН. Процесот на ослободување на татко му на Диаз ќе се забрза. Се надеваме дека оперативната ситуација на некои места ќе се реши, на неа се ориентираат командирите за да поскоро го ослободат“.
А Луис Дијаз после дуелот на кој постигна гол со Лутон упатил соопштение:
„Овој гол е во името на слобода на татко му и сите киднапирани во мојата земја. Ви благодара на сите за поддршката. Денес со вама не зборува фудбалер, денес со вама зборува Лучо Дијаз, син на Луис Мануел Дијаз. Мане, татко ми, неуморен работник, столб на нашето семјество, е киднапиран.
Барам од ЕЛН итно да го ослободи татко ми и барам помош од меѓународните организации за слобода на татко ми. Со секоја секунда, со секоја минута нашето страдање расте. Мајка ми браќата и јас сме во очај. Огорчени сме, немаме зборови за да опишеме што чувствуваме. Овие страдања ќе завршат само тогаш кога ќе го вратиме татко ни дома.
Барам од вас неодложно да го ослободите, да го почитувате и што е можно поскоро да ги прекратите овие мачни исчекувања во име на љубовта и страданијата.