Таг: Луис диаз

Видовте ли Луиз Диаз што им направи на Вокер и Родри?

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа 1:1, резултат со кој прв на табела изби Арсенал. Пратете го убаво сега тркот и дуелот на Луиз Диаз со Кајл Вокер и Родри. Едниот ќе заврши на земја, другиот ќе го загуби компасот. Ги изеде.

Луис Диаз се сретна со татко му по ослободувањето

По завршувањето на 12 дневната сага и неизвесност за неговиот живот, Луис Диаз се сретна со татко му кој е пуштен на слобода. Тој во меѓувреме постигна гол за Ливерпул и им испрати порака на киднаперите да го ослободат, а сега конечно се заедно.

Фешта за ослободувањето на татко му на Луис Диаз

Само два дена откако даде гол во Премиер лигата и извади маица „Ослободете го татко ми“, заврши двонеделната голгота на Луис Диаз околу киднапирањето на неговите родители во Колумбија. Прво ја ослободија мајка му, а подоцна и татко му. Фамилијата и пријателите го пречекаа со славје.

Дриблингот за кој сите зборуваат во Јужна Америка

Мислевме дека сè сме виделе од атрактивни потези на мундијалските октомвриски квалификации, а сме го испуштиле главниот и тоа на Колумбиец кој уништи двајца Бразилци. Луис Диаз од Порто во дуел со ѕвездите на Јунајтед и ПСЖ, Фред и Маркињос. Ги испрати дома.