Луд меч на „Паркен“, Манчестер Јунајтед на колена во Копенхаген

Фудбалерите на дански Копенхаген направија најголемо изненадување во 4. коло од Лига на шампиони откако на својот стадион се вратија од 0:2 против Манчестер Јунајтед и на крајот славеа во меч со дури 7 гола. Хари Кејн го скрши отпорот на Галатасарај со два гола, а Реал и Интер се пласираа понатаму.

Што се немаше на дуелот меѓу Копенхаген и Манчестер Јунајтед: влета навивачи со палестинско знаме па мечот беше во прекин, потоа на некој гледач на трибините му се влошила состојбата па повторно прекин, а имаше и неколку ВАР епизоди.

Поради сето ова судиското продолжение во првиот дел траеше речиси 14 минути.

Јунајтед прв дојде во водство уште во 3' минута преку данскиот фудбалер Расмус Хојлунд кој интересно е дете токму на Копенхаген. Практично на свој терен даде гол.

А даде и втор многу брзо, во 28' минута кога Манчестер зголеми на 0-2.

Тогаш веќе изгледаше дека мечот ќе биде решен.

Но...

Во 42' минута Маркус Рашфорд во обид да загради една топка прави фаул со отворен ѓон и по консултација со ВАР, судијата му дава директен црвен картон.

Од тој слободен удар Копенхаген погоди пречка но веќе во 45' минута Елијунуси намали на 1-2. Огромна еуфорија и радост на трибините падна во големото судиско продолжение зошто Копенхаген израмни на 2-2 преку Португалецот Диого Консалвеш од пенал кој со рака го направи Рафаел Варан.

Во вториот дел нови огномети. Во 69 минута' Бруно Фернандеш погоди за ново водство на Манчестер Јунајтед со гол од пенал.

Копенхаген израмни во 82' минута преку Лерагер а во 88' минута младиот 17-годишен Рони Бардакчи направи спектакуларен пресврт со гол за 4:3 и сензација во Лига на шампиони. 

Лига на шампиони, 4 коло, резултати:

Група А

БАЕРН МИНХЕН - ГАЛАТАСАРАЈ 2-1 (0-0)
/Хари Кејн 80', 86' - Бакамбу 90+3'/

КОПЕНХАГЕН - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 4-3 (2-2)
/Елијунуси 45', Гонсалвеш 45+9', Лерагер 83', Бардџи 87' - Хојлунд 3', 28', Б. Фернандеш 69'/

Група Б

АРСЕНАЛ - СЕВИЉА 2-0 (1-0)
/Тросар 29', Сака 64'/

ПСВ - ЛЕНС 1-0 (1-0)
/Де Јонг 12'/

Група Ц

РЕАЛ МАДРИД - БРАГА 3-0 (1-0)
/Браим Диаз 27', Винисиус Жуниор 58', Родриго 61'/

НАПОЛИ - УНИОН БЕРЛИН 1-1 (1-0)
/Политано 39' - Фофана 52'/

Група Д

РЕАЛ СОСИЕДАД - БЕНФИКА 3-1 (3-0)
/Мерино 6', Ојарзабал 11', Баренчеа 21' - Рафа Силва 49'/

САЛЦБУРГ - ИНТЕР 0-1 (0-0)
/Лаутаро Мартинез пен. 85'/

9 ноември 2023 - 07:00