Како реагираа англиските медиуми на крахот на Ман. Јунајтед?

Таман кога навивачите на некогашниот европски шампион ќе помислат дека некое светло ѕирка од тунелот, ќе дојде следно коло и ќе им спушти ролетни. Така беше синоќа во Копенхаген каде што данскиот шампион го совлада Манчестер со 4-3 иако гостите водеа убедливо 0-2.

Британските медиуми распалија со нивните познати орудија. Главни „јунаци“ на насловните страни им беа Хари Мегваер (а кој друг?) и Маркус Рашфорд (доби црвен картон во прв дел и се отиде во неповрат).

The Times: Копенхашка катастрофа

The Telegraph: Крах на Јунајтед

Со веста за апсење на Дејн Рашфорд, братот на Маркус, Телеграф, на насловна страна оди со Хари Мегваер и наслов „Крах на Јунајтед“. Дејн Рашфорд бил уапсен во Мајами од полицијата поради домашно насилство. Денес го пуштиле по оставена кауција но и забрана за приближување до жртвата и на суд мора да се јави на 27 ноември. Во меѓувреме Маркус е обележан како најголем кривец за дебаклот на Манчестер Јунајтед затоа што доби директен црвен картон за старт со отворен ѓон. После тоа тргна потопот.

Daily MailL: Груб (Rash) фаул

Најпродаваниот Дејли Мејл го стави Маркус и неговиот груб прекршок за кој доби црвен картон.

Daily Star: „Неспретен и изгорен“

I Sport: Rash collapse - Брз колапс

The Mirror - Blunderful Copenhagen (по песната Wonderful Copenhagen каков што е и називот на официјалната туристичка организација на главниот град на Данска).

9 ноември 2023 - 13:19