Со 40 години Пепе стана најстар стрелец во Лига на шампиони

Поточно со 40 години и 254 дена, капитенот на Порто и легенда на португалскиот фудбал, синоќа во триумфот на неговиот тим против белгиски Антверпен од 2:0 влезе на вечната листа.

Пепе го постигна вториот гол на мечот и стана највозрасен стрелец на погодок во историјата на Лига на шампиони. Претходниот го држеше Франческо Тоти со 38 години и 52 дена.

Пепе на 25 октомври, ако не се сметаат голманите, стана највозрасниот фудбалер во историјата на фудбалот. На постари години сладоста на Лига на шампиони ја вкуси единствено Марко Балота, голманот на Лацио кој во 2007-ма година бранеше против силниот Реал Мадрид на 43 години и 252 дена!

8 ноември 2023 - 13:42