Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Ѓоковиќ на француска тв: „Се надевам еден ден со Надал ќе пиеме пијалак на плажа“

Најдобриот светски тенисер на денешницата деновиве ужива во прекрасниот Париз каде го чека турнир од серијата 1000. Новак доби специјална покана и за свечената церемонија на Франс Фудбал каде ја прогласи најдобрата женска фудбалерка за минатата година, а гостувал и на еден француски канал.

А Ице Стоичков не го ни знаат младиве

Во купот видеа направени од пристигнувањата на ѕвездите на свечената церемонија во Париз, на доделувањето на Златната топка, пазете го пречекот на фановите за Мбапе, Бекам и Ѓоковиќ, а потоа за Стоичков. Пусти Христо ниту некој му довикна, ни фотка, ни автограм. А Златна топка има освоено.

Доаѓаш на стадион, гигантот Фенербахче гостува? Не, од балкон со пивце ќе ја гледам

Во Турција има прволигаш со помал стадион од многу наши. Комшии се собираа кај тие со најубав поглед за да ги гледаат гага Един Џеко, Душан Тадиќ, Фред и другарите.

100 часа работа, 15 кг тешка - каде се ваја Златната топка која ја доби Меси

Наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот има долга историја. За 67 години од првиот пат на доделување едно време врачувана им е само на Европејци, се даваше едно време под закрила на ФИФА која ја откупи, па пак се врати кај матичниот магазин Франс Фудбал.

Видеото со кое Франс фудбал го најави Меси е генијално

Почнува со неговата прва фудбалска легитимација во Њу Олд Бојс 1994-та, растот во Барселона, неповторливиот слалом против Хетафе, неверојатните потези и голови, најважните моменти и успеси во кариерата, светската титула со Аргентина, времеплов на сите 8 Златни топки...Екипата што го составила клипов, не можела да направи нешто појако од ова.

Како Иван Перишиќ си вшета на Партизан - Звезда и ги изненади сите

Прославениот хрватски фудбалер и голема ѕвезда на Баерн Минхен, Интер, Волфсбург и Тотенхем, синоќа од први редови го следеше вечното белградско дерби Партизан - Црвена Звезда во белградска „Арена“.

Специјален гостин на Франс фудбал, Новак Ѓоковиќ

Изненадувањето на вечерта на церемонијата на која се доделуваат најпрестижните фудбалски награди во светот беше тенисер.

Нови фантастични изданија на Никола Јокиќ и Лука Дончиќ

Далас Маверикс, Денвер Нагетс и Бостон Селтикс се единствени непоразени тимови на стартот од новата НБА сезона. Лука Дончиќ со своите Мавс синоќа со 125-110 го урна Мемфис Гризлис кој има катастрофални 0-4, а Денвер Нагетс ја совладаа Јута Џез 110-102.

Standing ovation за Меси и осма Златна топка

Лионел Меси е изборот на Франс Фудбал за најдобар фудбалер за 2023-та. Има осум Златни топки со кои води убедливо пред Роналдо со пет. Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен останаа на три.

Статистиката на Белингем 2022/2023 vs 2023/2024

Разликата е неспоредлива. Да почнеш со 13 голови на првите 13 меча во еден Реал Мадрид, на само 20 години и да решаваш натпревари како Ел Класико, тогаш јасно е дека се работи за посебна приказна. Младиот Џуд почна да ја испишува импресивно и да се наметнува како сериозен играч кој ќе граби по трофеи и награди.

Луд гол на 53-годишниот Парву во Романија

Јонел Парву е поранешен романски репрезентативец кој со Стеауа Букурешт дури четири пати бил шампион на Романија. Сега е тренер/играч во третолигашот СР Брашов. На мечот против Черноморец тој решил да заигра од почеток со капитенска лента и постигнал еврогол. Уште појака е и прославата на голот со колут напред.

Сандро го сетил пресвртот на Сардинија

Друг па вели дека Фаџоли на полувреме трчал да ја уплати ГГ7+.

Стеф Кари го врати Брукс на фабрички подесувања

Голден Стејт Вориорс ја запиша и втората победа од почеток на новата сезона во НБА. Воините го совладаа Хјустон Рокетс 105:96 а Стеф Кари издоминира со 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. И со еден дриблинг врз најнезгодниот дефанзивец во лигата кој важи и за многу иритантен за ривалите.

Како помина предавникот Лукаку на Сан Сиро?

30.000 или 40.000 свирчиња им беа доделени на навивачите на Интер пред мечот со Рома, наменети за пречек за Ромелу Лукаку. Да кажуваш дека го сакаш Интер, а во меѓувреме тајно да преговараш со Јуве и на крај да завршиш во Рома, едноставно не поминува кај Интеристите кои славеа 1:0. Уши му дупнаа при секој допир со топка.

Магичните голови на Наполи со Милан

Наполи и Милан одиграа фантастично дерби со 4 гола. Росонерите водеа 0-2 со два погодоци на ветеранот Оливие Жиру во 22’ и 31’ минута. Наполи се врати на 2-2 во вториот дел по евроголовите на Политано во 50’ и Распадори од слободен удар во 63-та минута. Елмас го одигра првиот дел кога беше заменет со стрелецот на голот Распадори.

Кога си 35 кила послаб од Јокиќ, а сакаш да го сопреш под кош

Шампионот Денвер има 3 од 3 во новата сезона. Овој пат славеа над Оклахома, убедливо со 128:95. 28 поени, 14 скока и 5 асистенции за Јокиќ, како и еден нокаут.

Драма со киднапираните родители на ѕвездата на Ливерпул од Колумбија

Викендов светскиот фудбал го потресе веста за киднапирање на родителите на Луис Диаз, колумбискиот репрезентативец и член на Ливерпул. Последна вест од Јужна Америка е дека мајка му била спасена и евакуирана, а за татко му се претпоставува дека е уште во заложништво, во Венецуела.

Македонци со „Едно име имаме“ освоија врв на Хималаите

11 члена македонска експедиција викендов го искачи Ајланд Пик на Хималаите, висок 6.189 метри. Дел од екипата се струмичанецот Благој Ѓузелов, велешанецот Тодорче Ѓоргиев, битолчанецот Горан Дамевски. Честитки до сите, посебно до Богољуб Петрoски - Боге од Скопје, познат на редакцијата.

Луд мега пресврт на Каљари, 4 гола за 25 минути

Во Серија А изминатиов викенд се одиграа дерби дуелите Интер - Рома (1:0) и Наполи - Милан (2:2), но спектакл режираа фудбалерите на Каљари и Фрозиноне.

Ама им легна на Иско и Ракитиќ

Убави голови паднаа викендов во Шпанија. За сега трите задолжителни кои ги детектиравме се прво оној на Белингем, а потоа и на Ракитиќ и Иско.

Лудата тројка на Дончиќ снимена од публика

„Не знам што направив, само видов дека останаа уште 2-3 секунди и си реков дека мора да завршувам. Веројатно ова е најтешкиот шут кој сум го погодил во кариерата“, изјави Дончиќ, кој со овие поени практично го реши Бруклин во последната минута.

Има нешто чудно кај фудбалерите

Јувентус ја победи Верона едвај со гол на резервистот Андреа Камбиасо во длабоко судиско продолжение и бјанконерите го запоседнаа врвот во Серија А после долго време. Капитенот на гостите Давиде Фараони имаше една смешна реакција при еден гол на Моизе Кеан кој му беше поништен.

„Ова не беше во скриптата, Енгану да ти бил страшен боксер“

Иако обложувалниците го гледаа како апсолутен фаворит и му даваа екстремно ниски коефиценти 1.10, 1.07 на победа, Тајсон Фјури не го издоминира Франсис Енгану кој дојде од УФЦ и првпат боксуваше во професионален бокс со боксерски правила.