Знае ли Јокиќ дека Сер Алекс Фергусон го купил најскапиот коњ на светот?

Легендарниот трофеен тренер и еден од најголемите на сите времиња, Сер Алекс Фергусон (82) синоќа бил главна вест во островските медиуми затоа што одвоил огромна сума за коњ.

Сер Алекс Фергусон е голем љубител на коњски трки, на хиподроми и на сè што е поврзано со овие убави животни. Исто како и Никола Јокиќ, со тоа што Шкотланѓанецот синоќа поставил рекорд со најскапо платен тркачки коњ.

Некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед платил 740.000 евра за коњот наречен Колдвел Потер и ова е најскапо платен тркачки коњ на сите времиња. Претходниот рекорд го држел Дарен Јејтс во Донкастер, кој платил на аукција 620.000 евра.

Новиот коњ во ергелата на Фергусон и неговите партнери претходно имал седум сопственици а важи за еден од најдобрите. Ќе тренира заедно со Пол Николс во ергелата во Дитчит.

Фергусон за коњите се грижи со неговите партнери Гед Мејсон, Џон Халес и Питер Дон кои исто учествувале во купување на коњот и формирање на тимот за трки.

Интересно, Сер Алекс Фергусон со коњот Спирит Денсер на крајот на минатата 2023-та година во Бахреин освоил турнир и заработил дури 500.000 фунти!

Фергусон го водеш Манчестер Јунајтед од 1986-та до 2013-та година и на овој клуб му донесе неверојатни 13 шампионски титули во Англија и два пехари во Лига на шампиони.

7 февруари 2024 - 10:20