Идиотот на сезоната меѓу навивачите доаѓа од Рајо Ваљекано

Тимот на Столе Димитриевски загуби 1:2 од Севиља во натпревар кој беше прекинат поради моронштина од потег на навивач на Рајо, каков што не паметиме дека сме виделе друг пат на стадион.

Лукас Окампос од Севиља се соочи со многу срамна сцена на самата аут линија, која е толку идиотска што не ни доаѓа ниту да ви ја опишеме.

Сами ќе забележите што направи со прстот копиљот со црното капче.

Аргентинецот не реагираше бурно, што сигурни сме дека не би било случај со еден Ибра или Гатузо кои одма ќе му дадеа воспитна која ќе ја паметеше цел живот.

Тој само се сврте и го повика судијата по што натпреварот беше кратко во прекин.

„Можете да видите што се случи на видео снимките. Се надевам дека Ла Лига ќе го сфати ова сериозно како што го сфаќа расизмот. Не мислам дека сите навивачи на Рајо се такви затоа што отсекогаш се однесувале со нас со почит, но секогаш има по некоја будала“, вели присебниот Окампос.

„Се надевам дека тоа нема да се случи во други области, бидејќи ако ова се случи на женски фудбалски меч, знаеме што може да се биде. Останав смирен бидејќи имам две ќерки. Се надевам дека тоа нема да им се случи во иднина“.

6 февруари 2024 - 08:59