Познавате ли некој друг фудбалер или општо човек од нашиве простори кој два пати го канат на Сан Ремо и му пуштаат српски хитови по негова желба?
Златан Ибрахимовиќ е единствениот. Во 2021-ва направи шоу со „Јутро је“, песна која стана хит во Италија и за која Нада треба му се заблагодари.
Три години подоцна повторно е гостин на Сан Ремо, овој пат во првата од петте вечери, која ја отвори со „Луда за тобом“.
Кога оркестарот почна да го свири хитот на Лепа Брена од 1996-та, водителот Амадеус ги прекина, а од публика се јави Ибра, кој рече дека тој одлучува кога ќе прекине музиката.
Почна во публика да дели фотографии со неговиот лик, а потоа ја нарача „Луда за тобом“ и се испентари на бина.
Златан се појави на Сан Ремо со хитот на Нада Топчагиќ
Ибра до Амадеус: Кој ти рекол дека ти си директор на Сан Ремо?