Златан Ибрахимовиќ пак се појави на Сан Ремо, ама овој пат на епски начин после случка која треба да влезе во топ 5 најјаки анегдоти за него. Налетал по пат на сообраќајна несреќа и му рекол на рандом лик кој бил со мотор, веднаш да го однесе на Сан Ремо.
Внимавајте добро, вистинска е приказнава.
Амадеус: Вечерва Златан Ибрахимовиќ требаше да се појави на сцена во 21:30, но не се појави. Се загриживме и откривме дека автопатот по кој доаѓа Ибрахимовиќ е блокиран поради сообраќајка. Но на крај, тој да се појави во стилот на Стивен Сигал. Сега сам ќе ни раскаже.
Златан: Имаше сообраќајка, се надевам дека никој не е повреден и после 3 часа стоење во место на шоферот му реков да ми отвори врата да се симнам. Видов еден моторист, го застанав и му реков да ме однесе на Сан Ремо. За среќа беше навивач на Милан. 60 километри се возевме на мотор и уште ми е ладно. Имам и видео.
Амадеус: И видео имаш?
Јакото е што типот му признал на Ибра дека прв пат излегува на автопат и дека специјално за него возел до Сан Ремо. Неговата дестинација била до Ливорно.
Амадеус: Еве го, погледнете, 60 километри на мотор.
Златан: За да го спасам мојот фестивал, не твојот.
Амадеус: А вчера каде беше, дома?
Златан: Да, во Милано. Зошто не дојдовте? Требаше да дојдете.
Амадеус: Многу сме, кај може сите да дојдеме.
Златан: Правило број 4: Ако Златан не оди на фестивалот, фестивалот ќе оди кај Златан.
👉🏼 4^ regola @Ibra_official #Sanremo2021 pic.twitter.com/fLYHw71Jme
— Festival di Sanremo (@SanremoRai) March 4, 2021
Првата вечер кога се појави, а потоа направи шоу.
Пееше во тандем со Михајловиќ