Ибрахимовиќ заедно со Амадеус, инаку водителот и директор на Сан Ремо направи шоу кое за жал се одвиваше пред празна сала и можеше да се следи со директен пренос.
Падна мајтап на сметка на Ливерпул. Имаме видео од неговата точка, а нивниот разговор оди вака:
Златан: Чест ми е што сум тука, ама и тебе ти е чест што ме имаш тука нели?
Амадеус: Се разбира. Добродојде на Сан Ремо Златан. Ти си навикнат да бидеш на стадиони како Сан Сиро, Камп Ноу, Бернанеу. Како се чувствуваш тука?
Златан: Обично се чувствуваm голем и моќен, а тука се чувствувам мал. Но секогаш поголем и помоќен од тебе.
Амадеус: Зошто вака сите ме третираат лошо. Него мене сите ме прашуваат што ќе прави Златан на Сан Ремо, а јас им одговарав дека не знам, така што може ли да објасниш?
Златан: Донесов правила за мојот фестивал.
Амадеус: Како тоа правила, па јас сум директор.
Златан: Кој ти го кажа тоа? Директор на Сан Ремо е Златан.
Амадеус: Извини, а тебе кој ти го кажа тоа?
Златан: Златан.
Амадеус: Добро што ќе правиме сега, ајде кажи, еве твој е фестивалот.
Златан: Ова се правилата. Првото: На фестивалот ќе има 22 пејачи.
Амадеус: Ама тоа не е можно, 26 пејачи се.
Златан: Не, туку 22 ќе бидат, 11 против 11, инаку фестивалот не е регуларен.
Амадеус: Златан, ова не е фудбалски натпревар, тука има 26 пејачи.
Златан: Продај ги, ете Ливерпул бара четворица дефанзивци.
Амадеус: Ама јас не можам да продавам пејачи на Ливерпул, тоа не е можно.
Златан: Тогаш јас ќе ги задржам и ќе ги пуштам да работат кај мене во двор.
Амадеус: Златан, пејачите тука се свети, не можеш да ги ставиш кај тебе во двор.
Златан: Правило број 2. Сценава треба да биде со димензии 105 на 68 како Сан Сиро, ако не ќе го суспендираме фестивалот. Овие кои се тука?
Амадеус: Тоа се виолинисти, многу јаки и важни.
Златан: Надвор. Само жените може да останат.
Амадеус: Ама јас ако ги избркам сите, тогаш кои ќе останат.
Златан: Златан.