Матераци го пецна Јувентус

Интер го совлада Јувентус во дербито на Италија со 1:0 и се одлепи бодовно на табелата каде има четири бода повеќе и меч помалку од бјанконерите. Гостите од Торино како и многу пати сезонава, играа деструктивно, одбранбено и без некоја посебна идеја за противничкиот гол. Тоа го искористи некогашниот стопер на Интер Марко Матераци кој ги пецна со фотографија.

Покрај Матерци и тренерот Инзаги прокоментира дека швајцарскиот голман Зомер одмарал на овој меч со Јуве.

6 февруари 2024 - 14:31