Гути за Чави: „Полесно му е да ги обвини судиите и Реал, отколку да си признае дека ништо не играат“

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Хозе Марија Гутиерез попознат како Гути вели дека неговиот некогашен репрезентативен колега е добар тренер и за Барса и за кој било друг клуб, ама...

Чави најави дека по крајот од сезоната ќе замине од Барселона затоа што е лошо третиран од медиумите и не можел да го издржи преголемиот психолошки товар кој го носи клупата на Барса.

Неговиот престој во Барселона во студиото на емисијата El Chiringuito го коментирал Гути:

„Стилот кој Чави го има на ум уште кога беше играч и играчите кои ги има на располагање се нешто практично невозможно да се повтори. Голем тренер е оној кој се прилагодува на играчите кои ги има. Чави не беше спремен за да дојде во Барселона. Кога стекнуваш лиценца во Катар и тренираш таму за меч пред 300 луѓе... Не е исто што и седење на клупата на Барселона.

Има луѓе кои се подобро подготвени а има и такви кои треба уште да поработат во други клубови за да соберат искуство и да отидат во поголем клуб, дали е тоа Чави или кој било друг тренер. За мене Чави е добар тренер за Барса и за кој било друг тим, но мислам дека сака да го сокрие она што не го прави добро на теренот со тимот со коментари (за судиите). Полесно му е да каже дека судиите свират за Реал Мадрид отколку да си признае дека тимот не игра добро на нивото на кое тој сака“, вели Гути за Чави.

За гласините за судиски прогледувања низ прсти за Реал и Барселона, Гути додава: 

Мислам дека во 38 кола судиите некогаш ќе досудат нешто во твоја корист некогаш на твоја штета, не мислам дека им се помага на Реал Мадрид, Барселона или друг клуб, но кога се случува на твоја штета лесно е тогаш да се зборува. Уште не сум слушнал тренер кога судиска одлука ќе му биде од корист, да каже „денес се искористивме, не требаше да ги освоиме овие три бода. Тоа се судиски одлуки. Тоа е што е“.

6 февруари 2024 - 10:48