Дончиќ одновно блесна, а навивачите на Бруклин му скандираа „МВП“

Постигна тројка од логото на теренот или речиси од центарот, направи топ асистенција преку цел терен и кога застана на слободни фрлања, во гостинската сала се слушаше „МВП“.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг беа лидери во победата на Далас против Бруклин од 119:107.

Ирвинг постигна само еден поен повеќе или вкупно 36, но Дончиќ беше фантастичен со 35 поени, дури 18 скока и 9 асистенции.

Словенечкиот феномен едноставно е незапирлив и со просек од преку 34 поени по натпревар оваа сезона е лидер меѓу стрелците и зрел кандидат за МВП.

Тоа му го признаа и навивачите на Бруклин кои му скандираа кога застана на линијата за слободни фрлања.

 
7 февруари 2024 - 09:27