Инспиративната приказна на јунакот од Лас Палмас

Кириан Родригез е 27 годишен фудбалер, не баш познат надвор од Шпанија. Со својата издржливост и одлучност стана симбол на неговиот тим и испирација за цел свет.

Светот на фудбалот отсекогаш бил бојно поле на издржливост и решителност и сцена каде приказните инспирираат, особено оние личните остварени со голема борба.

Една таква е за Киријан Родригез, играч од средниот ред на Лас Палмас, каде настапува уште од почетокот на кариерата.

Август 2022: Му дијагностицираат рак

На 26 години при рутински лекарски преглед животот му висел на конец. Воспалена слезина, високи нивоа на калциум и биопсија на циста биле потврда за неговите најлоши стравови. Рак или поточно Хочкин лимфом.

Февруари 2023: Ја завршува хемотерапијата

Следниот чекор му бил напорниот режим од шест сесии на хемотерапија по што ослабел и останал без коса. На страна физичкиот изглед, тоа што навистина го преплашило е дека никогаш повеќе нема да заигра фудбал. Но со за среќа хемотерапијата ја завршил успешно.

Април 2023: Прави кам бек на терен

И покрај тешкотиите, Родригез нишанел кон една цел, а тоа е фудбалот. И додека се лекувал тренирал. Во јануари месец му рекле дека е излечен, а во април направил триумфално враќање на терен, момент кој го означил стартот на новото поглавје во кариерата.

Мај 2023: Му помага на Лас Палмас да влезе во прва лига

Кам бекот на терен се покажал не само како негова лична победа, туку и успех за Лас Палмас, бидејќи му помогнал на тимот да обезбеди автоматска промоција во Ла Лига после шест години. 

Јануари 2024: Прогласен е за играч на месецот

Со неговите игри, тој сезонава е најдобар стрелец на Лас Палмас со 5 гола, а изминатиот месец беше прогласен за играч на месецот во Ла Лига. 

Сепак, искуствата на Родригез не само што го обликувале како играч, туку и како личност. Тој продолжил со студии по психологија и има холистички пристап кон животот.

Неговата приказна за враќање, обележана со решителност и непоколеблива поддршка од неговиот тим, семејството и навивачите, е светилник на надеж во соочувањето со проблемите.

6 февруари 2024 - 14:52