Offside

Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски, ја одбрани светската титула во перолесна категорија, откако на настанот УФЦ 333 во Абу Даби дојде до спектакуларна победа над досега непоразениот Мовсар Евлоев.

Фудбалер на Севиља шитка маици среде репрезентативен собир

Репрезентативецот на Нигерија, Келечи Ихеначо пред мечот против Либија во Афиканскиот Куп на нации собрал неколку соиграчи и извадил полн куфер со облека за продажба. Белата маица ја пробува напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, а во собата се уште и Виктор Бонифејс и Рафаел Ониедика. Инаку Ихеначо претходно играше за Манчестер Сити и Лестер. Парт тајм џоб?

Соло мајсторијата на Митрогол

Србија ја совлада Швајцарија 2:0 и стигна до првата победа во 3. коло од Лига на нации после ремито со Шпанија и поразот од Данска. Првиот погодок беше автогол, вториот дело на Александар Митровиќ, рекордерот на Србија кој го запиша 59-от гол. Сам сè направи, упорен по топката, дрзок во завршницата.

Ѓоковиќ со моќна порака до Надал: Твојата истрајност, посветеност, борбеност ќе се учи со децении.

Новак Ѓоковиќ му испрати прекрасна и емотивна порака на Рафа Надал, со голема доза на респект. Формираа незаборавно ривалство, едно од најголемите во историјата на тенисот и секогаш демонстрираа голема меѓусебна почит.

Првиот Вимблдон на Надал во незаборавното финале против Федерер

Во тоа финале кое траеше 4 часа и 48 минути, најдолго до тогаш во историјата на турнирот, Надал и Федерер влегоа со 14 освоени од вкупно 16 претходни Гренд слем титули (12:4 за Роџер). Битката заврши со пресврт на шпанскиот ас кој се врати од 0:2 на 3:2 (6–4, 6–4, 6–7, 6–7, 9–7). Финалето се смета за едно од најдобрите во историјата. Погледнете ги најдобрите поени од мечот. Страшно нешто.

Грчки навивач ги замолчи Англичаните среде Вембли

Василис Павлидис е јунак на селекцијата на Грција со два гола за прва победа на Грција против Англија во историјата. Напаѓачот на Бенфика конечните 1:2 ги постави во 94-та минута за огромна радост на гостите. Навивач од трибини извади парола со која ги дотепа Англичаните.

Шансата на Столе Димитриевски кој за влакно не постигна гол

Голманот на Валенсија вечерва во Рига не само што не дозволи да прими гол, туку добро му одеше и во напад. Беше асистент за голот на Ќамили, а за малку не се запиша и меѓу стрелците уште во 4 минута од мечот.

Македонија ја збриша Летонија со три комада

Македонската фудбалска репрезентација успешно ги почна октомвриските предизвици во Лига на нации. Летонија - Македонија 0:3. Атрактивен гол на Елмас.

Шампионска маса со Тони и другарите

Светските шампиони од 2006-та се собрале на вечера во Виареџо. На една од масите снима Тони и ги реди славните соигра, за на крај да рече: Кој е последниов на крај?

ФИБА прашува: Кој се сеќава на Бо Мекејлеб?

Светската куќа на кошарката извади рандом ретро кое кај нас не може туку така да помине. Клиповите од Литванија 2011 се гледаат по едно 100 пати, па се објавуваат. Инаку феноменалниот Лестер Бо Мекејлеб ја забива преку тогашниот центар на Атланта Хокс, Ал Хорфорд, со кој подоцна Антиќ играше во НБА.

Ревија на убави голови против Летонија со Џани, Барди, Пандев и Елмас

Со почеток од 18 часот, македонската фудбалска репрезентација го игра 3. коло од Лига на нации и брка гостинска победа по пауза од една година. Со Летонците имаме 100% учинок 3 од 3. Ги победивме на пријателска во 2014-та и уште два пати во квалификациите за ЕП 2020. Уживајте во голеадата, посебно во мајсторскиот лоб на Елмас и проектилот на Барди.

Моќната реклама на Најк за долговечноста на Надал

Рафа одигра само 23 натпревари во изминативе две години, а колку е далеку од својата препознатлива форма се потврди и на мечот против Ѓоковиќ на Олимписките игри. Денешната објава за повлекувањето беше очекувана дека ќе се случи за скоро. Заминува како великан на тенисот со 22 Гренд слема и еден куп други успеси и тениски лекции, посебно на земја.

Дојде крајот, Рафа Надал му кажа збогум на тенисот

Надал напиша „Благодарам до сите“ на 12 јазици, меѓу кои и на српски и сними видео со кое и се обрати на јавноста дека со настапот во Дејвис купот, што ќе се одржи 19 до 24 ноември во Малага, завршува со професионално играње на тенис.

Димитров му се сипа на навивач во Шангај

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се најде меѓу толпа навивачи кои го чекаа за сликање и автограми на Мастерс турнирот во Кина. Во еден момент ептен се изнервира и му се пушти на еден од фановите, но од преголема гужва не се знае зошто. 

Како изгледа стадионот на Флорида после ураганот?

Стадионот Тропикана Филд на кој настапува бејзбол тимот Тампа Беј Рејс, беше планирано место за евакуација за време на најавениот ураган Милтон. Но невремето им ги расипа плановите, го оштети стадионот и го откорна кровот.

Драмата во Битола и голот на Атанасијевиќ вреден прв бод во ЛШ

Еурофарм Пелистер го сруши проклетството во Лига на шампиони и тоа на неверојатен начин. Губеше со 3 гола разлика на нешто повеќе од 1 минута до крајот.

Сме остареле а?

Андрес Иниеста вчера и официјално го соопшти крајот на играње фудбал, што секако не ни е по ќеиф, бидејќи беше празник за очи да се гледа. Ја криеше топката. Да е само тој. Што фудбалеришта се одјавија од терените низ годиниве, да не може да ги донаброи човек. Еден куп легенди и идоли на многу генерации.

Ѓоковиќ го изремети обезбедувањето пред сите

Новак Ѓоковиќ за 74 минути го суреди Русинот Роман Сафиулин (6-3, 6-2), во осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај. Каде е Ноле, таму е и забавата.

Ибрахимовиќ: Секој ден ни стигнуваа вести од Југославија за смртта на некој близок

„Моето детство би го опишал со три збора: страдање, агресивност и патење. Бев во ситуација кога децата правеа работи кои јас не можев да ги правам“.

Мајстори се за шоу да направат

Познатиот американски новинар/стручњак за хокеј и тамошната НХЛ лига, Реј Фераро направил интересен подвиг: прво го коментирал мечот Сиетл Кракен - Сент Луис Блус (2:3) по што веднаш истрчал надвор од салата, го возеле до аеродром и фатил лет за Јута каде после два часа го коментирал мечот Јута - Чикаго Блекхокс (5:2).

Борко: „Пандев, Лазаров и Иџе веќе нема да рекламираат кладилници и брзи кредити“

Како и неговите колеги од владата на РМ, така и Борко Ристовски, министерот за спорт, направи рекапитулација на сработеното во првите 100 дена од новата Влада на Република Македонија.

Ладиќ на денот: Кол Палмер лови риба во мир и тишина

Светски познатиот британски бренд Барбери извади најнова кампања за есенска и зимска колекција а главен лик во целата промоција е најдобриот англиски фудбалер во моментов, Кол Палмер од Челси. Палмер неодамна постигна 4 гола на еден меч, доби награда за најдобар англиски фудбалер во 2024-та и важи за најголема ѕвезда во моментов во Премиер лига.

Супер акција на Вардар крунисана со цепелин на Георгиевски

По пауза од две години, Вардар се врати на меѓународна сцена и во првото коло од Европската лига го совлада Валур од Исланд со 33:26. Момците на Владо Недановски одиграа одличен натпревар, а една од акциите се најде во фокусот на ЕХФ.

Земи избриши се од Јутјуб

Не знаеме каде е ова, која лига е и кој е типов. Но после оваа завршница, не смее да помисли повеќе да оди во напад. Се надмина себе си човеков пред гол.

Клоп се враќа во фудбалот - ќе има многу интересна позиција

Германските медиуми пишуваат дека Јирген Клоп потпишал договор со гигантот Ред Бул каде би требало да стане „глобален директор за фудбал“. Ова значи дека легендарниот и трофеен тренер кој со голем успех ги водеше Ливерпул и Борусија Дортмунд, наскоро ќе крева неколку клубови на највисоко ниво.