Јирген Клоп според договорот кој ќе почне да важи од 1-ви јануари 2025-та, ќе биде одговорен за тренерски прашања, филозофија на игра, развој, трансфери, таленти, главни тренери, младинска школа и други во клубовите кои за сопственик го имаат Ред Бул: Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино.
Интересно е што најважна ставка во договорот на Јирген Клоп со Ред Бил дека тој би можел да замине од позицијата само во случај ако добие понуда да стане селектор на Германија во иднина како потенцијален наследник на Јулијан Нагелсман.
Првиот човек на конзорциумот Ред Бул, Оливер Минтцлаф по секоја цена инсистирал Клоп да стане дел од нивниот фудбалски проект.
BREAKING: Jurgen Klopp is set to become the new Global Head of Soccer at Red Bull 🚨 pic.twitter.com/2fjWstWzkq
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 9, 2024
Ред Бул е компанија која веќе на највисоко ниво издигна неколку клубови кои редовно играат во Лига на шампиони или во јужно-американската Копа Либертадорес.
За потсетување, Јирген на крајот од минатата сезона, во пролетта годинава го напушти Ливерпул каде беше цели 9 години. Претходно седум години ја водеше Борусија Дортмунд а исто толку години, седум го водеше и Мајнц каде во 2001-ва започна со тренерска кариера.
Клоп со Ливерпул освои дури осум трофеи меѓу кои и долгочеканата во Премиер лига и шампионска титула во Лига на шампиони.
Тој ќе биде задолжен за комуникација меѓу управите и спортскиот сектор на споменатите клубови Ред Бул Лајпциг, Ред Бул Салцбург, Ред Бул Брагантино и Њујорк Ред Бул.