„Рафа, еден пост не е доволен за да ја изразам почитта што ја имам кон тебе и она што го направи за нашиот спорт. Инспирираше милиони деца да почнат да играат тенис и мислам дека тоа е веројатно најголемото достигнување што некој може да го посака. Твојата истрајност, посветеност, борбеност ќе се учи со децении. Твоето наследство ќе живее вечно. Само ти знаеш што требаше да издржиш за да станеш икона на тенисот и спортот воопшто. Ти благодарам што ме турна до самата граница толку многу пати во нашето ривалство што најмногу влијаеше на мене како играч. Твојата страст за претставување на Шпанија отсекогаш беше извонредна. Ти посакувам најдобро можно збогување во Малага со Дејвис куп тимот на Шпанија. Ќе бидам таму лично за да оддадам почит на твојата ѕвездена кариера“, напиша Ѓоковиќ.
Дојде крајот, Рафа Надал му кажа збогум на тенисот
Моќната реклама на Најк за долговечноста на Надал
Првиот Вимблдон на Надал во незаборавното финале против Федерер