Македонија ја збриша Летонија со три комада

Македонската фудбалска репрезентација успешно ги почна октомвриските предизвици во Лига на нации. Летонија - Македонија 0:3. Атрактивен гол на Елмас.

Foto: EPA

Дојдовме, видовме, победивме во Рига во 3. коло од Лига на нации против селекцијата на Летонија, 137-та фудбалска сила во светот.

Победа број 2 во групата после онаа против Ерменија и ремито со Фарски Острови, со која остануваме на челната позиција со 7 бода.

Атанасов во 35`, Ќамили во 70` и Елмас во 93` ги осигураа бодовите и ја потврдија фаворитската улога.

Македонија со овој триумф ја прекина лошата гостинска низа без победа од една година и си ја зголеми довербата пред гостувањето против Ерменија, в недела со почеток од 18 часот.

10 октомври 2024 - 19:45