Златан Ибрахимовиќ е роден во Малме, 1981-ва година. Татко му Шефик е Босанец, а мајка му Јурка е од Хрватска.
Емигрирале во Шведска на крајот од 70-те и таму го основале семејството. Имале уште едно дете кое починало од тешка болест.
Без разлика што биле далеку од дома, го воспитале Златан никогаш да не си го заборава потеклото. Затоа и покрај големата меѓународна слава легендарниот напаѓач и ден денеска во интервјуата зборува за своите корени, но и за тешкото детство.
„Меѓу првите спомени како дете ми е Југославија, каде ме носеа како дете со автомобил или со воз. Во тоа време владееше комунизмот, тоа беше поинаков свет во споредба со Шведска“, вели Златан Ибрахимовиќ за италијанските медиуми.
„За време на војната секој ден пристигнуваа вести за смртта на некој близок, татко ми многу страдаше поради тоа. Многу им помагаше на бегалците, а мене се трудеше да ме заштити. Секогаш го правеше тоа. Кога сестра му умре во Шведска, не ме пушти во мртовечница“.
Зошто Златан е во лоши односи со татко му?
Во меѓувреме неговите родители се развеле, а Златан отворено признал дека денес има подобар однос со мајка си, отколку со татко му. Причина е во тоа што со татко му се премногу слични и тешко се толерираат еден со друг.
„Поблизок сум со мајка ми. Со татко ми не, бидејќи и двајцата сме големи егоисти. Ист сум како него и кога тој се кара со мене не сфаќа дека се кара со себе, затоа што сме слични по однесување. Тој ме направи таков каков што сум денес. Мајка ми беше строга и повеќе ме тепаше од него. Кај него беше доволно да ми каже нешто или да ми испрати поглед“.
Татко му се занимавал со музика и тешка физичка работа за да го прехрани семејството, додека мајка му Јурка била чистачка. Златан признава дека многу работи му недостасувале додека растел, но дека за ништо не ги обвинува родителите.
„Имавме добри односи, а моето семејство е вистински микс. Имам две сестри од страната на мајка ми, со постарата не сум во контакт, а со помладата сум се поблизок“.
Порано немавме пари ни за кирија
Ибрахимовиќ го опиша своето детство со три збора: страдање, агресивност и патење.
„Бев во ситуација кога децата правеа работи кои јас не можев да ги правам, мислам пред сè поради немање пари. Татко ми се трудеше, но јас можев да им се приближам. Се обидов да крадам, но не бев баш успешен во тоа“, вели Ибрахимовиќ.
„Бев доста дисциплиниран, татко ми ме казнуваше. Не би рекол дека тоа беше `преживување` за мене, но беше тешко, затоа и страдав. Сакав да имам нови копачки, но не можев, за разлика од другите деца. Затоа велам дека патев. Зошто ми беше тешко? Затоа што не ме примија бидејќи бев странец. Ме перцепираа на друг начин. Имав кафени очи, голем нос, не зборував добро шведски. Морав да рушам ѕидови за да бидам прифатен“.
Зошто Златан не верува во Бог?
„Не верувам во Бог. Верувам само во почит. Така што ако кажам дека само Бог може да ми суди, мислам на сам себе. Тие зборови ми се истетовирани“.
„Ќе ви дадам совршен пример. Брат ми почина од леукемија. Каде беше Бог да му помогне? Во мојот свет, јас сум сам на себе Бог. Тоа е она во што верувам и тоа е дел од моето размислување“.