Offside

Атомски фудбал, врвни голови, прекрасни акции и маестрални потези гледавме вечера во дербито на колото во Лига на шампиони. Најдобрите два тима во моментов во Европа по многу параметри, одиграа фантастичен дуел. ПСЖ ја совлада Барселона 4-2 иако Каталонците претходно надоместија два гола минус. Во Ливерпул и Неапол паднаа по седум гола.

Попович едвај стои на нозе, ама уште се мајтапи

Еден од најголемите тренери во НБА лигата, кој 29 години го водеше Сан Антонио, освои 5 титули и држи рекорд од 1.422 победи, се повлекува од тренерската функција. 76 годишниот Грег Попович доби мозочен удар и го немаше во јавноста од лани. Спарси го поставија за претседател на кошаркарски операции. 

Јако забивање на Гордон, на постер го залепи Холмгрен

Арон Гордон пружи одлична партија на гостувањето против Оклахома со 22 поени и 14 скока и тројка вредна победа. Погледнете како му одигра еден на еден на Чет Холмгрен. 

10 години откако Меси го прати Боатенг на бања

Кога сме кај полуфиналињата во ЛШ, кои се на програмата вечер и утре, 10 годишнина полни еден познат полуфинален дуел меѓу Барселона и Баерн, кој Каталонците го добија со вкупни 5:3. Жером Боатенг уште има последици на кичмата и оди на терапии. Последно е виден во Негорци.

Кога Јокиќ диригира, штама е на тајм аут

На 2 минути до крај, Оклахома имаше +6. Јокиќ прво влезе како бик еден на еден и постигна 2 поени, а во следниот напад даде дрска тројка. И тоа беше само дел од неговиот арсенал во страшната партија со 42 поени и 22 скока. На тајм беа сите претвори во уво.

Јуначка тројка на Гордон за победа, 42 поени на Јокиќ

Денвер Нагетс слави голема победа во полуфиналето од Западот. Ја доби Оклахома Сити Тандер на гости и тоа со пресврт и победнички кош во финишот. Монструозен дабл дабл учинок на Јокиќ.

А го видовте ли лобот на Балаков во дуел со Данчо Целески?

Красимир Балаков (59) vs Данчо Целески (57). Годините тежат, ама пак има тука фудбалски елементи. Коментаторите се сомничат во ветерот, што е можно. Инаку снимката е од хуманитарниот меѓу Бугарија и Македонија, а Балаков е една од легендите на нашиот сосед кој играше полуфинале на СП 1994.

Аман бе друже, толку беше?

По 20 години престој, заедно со младинскиот сектор, Трент Александар-Арнолд соопшти денеска дека на лето заминува од Ливерпул со образложение дека има потреба од нов предизвик. Следната дестинација најверојатно ќе му биде Реал Мадрид. Навивач на Ливерпул веќе се откажа од неговиот дрес.

Голема неизвесност и пеколно тежок распоред во битката за ЛШ во Серија А

Со две победи и едно реми против Џенова, Парма и Каљари, Наполи е шампион на Италија. Таму е јасна математиката. Во битката за четврто место, допрва ќе станува весело. Три екипи имаат ист број на бодови, а четвртата е на -1. Ситуацијата е хаотична.

15 години од првиот хет-трик на Роналдо во Ла Лига

За 9 години престој во Шпанија, Кристијано роналдо збрца 34 хет-трикови во Ла Лига. Меси има 36. Првиот му е на 5 мај 2010-та против Мајорка. Да се потсетиме.

ТАА со емотивно видео се прости од својот Ливерпул

Заменикот капитен и дете на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, еден од најзаслужните фудбалери за астрономските успеси на црвените во последниве години, снимил видео во кое им се обраќа на сите навивачи на новиот шампион на Англија. Тој им се заблагодарува и најавува дека заминува по крајот на сезоната, како што и претходно се зборуваше. Најверојатно по 30-ти јуни станува член на Реал Мадрид и тоа како слободен играч, без обештетување.

Едни вообичаени фудбалски муабети во селски лиги

Дефинитивно кој не бил на селски фудбал - не знае што е забава.

Мароканец од Ленс го постигна голот на месецот во Франција

Ленс го совлада Лион на гости со 1:2. Мечот го реши Анас Зарури со страшно голчиште за почит, чиста 10-ка и најавни шпици. Еден од најубавите ова коло во Европа.

Пипо Инзаги ја внесе Пиза во Серија А после 34 години!

Во италијанската втора лига Серија Б има уште две кола до крајот (едно плус едно заостанато да се доигра) но веќе се знаат патниците во највисок ранг, во елитната Серија А: тоа се Сасуоло (пласиран уште во април) и Пиза на Пипо Инзаги.

Најјакиот гол на Антони во дресот на Бетис и тоа за победа во 91-ва минута

Еден од најисмејуваните играчи на Манчестер Јунајтед, растура во дресот на Бетис. Овој човек едноставно е друг Антони од јануари па наваму. Има 7 гола и 4 асистенции. Погледнете го овој безобразно добар финиш на гостувањето против Еспањол за победа од 1:2 во финишот.

Капитенот на Фиорентина пушти солза во живо додека слушаше пофалби од Бергоми

Легендата на Интер и италијанскатата репрезентација рече дека го познава Лука Раниери уште од дете и дека е среќен за него, за капитенската лента, карактерот на терен и целиот фудбалски пат. Раниери со растреперен глас: Ти благодарам. Да се примат пофалби од тебе е голема работа. Се изгубив и се возбудив од пофалбите. Инаку Фиорентина загуби од Рома со 1:0, но сè уште е во игра за излез во Европа.

Атрактивна топ 5 НБА листа со јаки забивања, банана и генијално додавање на Кари

Донован Мичел и Џарет Тален од Кливленд ќе се погрижат да ви ја разубават листата на најдобри потези во НБА. Едниот ќе ја отвори, а другиот ќе ја затвори со забивање.

Врвен мајтап на Јокиќ, Баркли и Шек за трите бакнежи со Џордан

„Тоа е српска работа, тој сака да биде Србин“, им го објаснува Јокиќ поздравот со ДеАндре Џордан, за потоа Чарлс Баркли да го праша дали е тоа најгрдиот човек со кој со бакнал? Јокиќ ги изнеасмеа со реакцијата во негов стил.

Индијана го олади силниот Кливленд, а неочекуван јунак го носи Голден Стејт во полуфинале

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се последниот тим кој се пласираше во следната фаза од овогодинешното разигрување за шампионската титула во НБА лигата.

Како тревникот го сочува Реал Мадрид од губење титула?

Реал Мадрид водеше 3-0 против Селта Виго и на крај ќе направеше од готово вересија за малку. Со головите на Арда Ѓулер во 33-та минута и на Мбапе во 39-та и 48-ма минута „кралевите“ имаа огромна предност. Ама Селта Виго не се предаде и во рок од 7 минути даде два погодоци, во 69-та и 76-та минута за 3:2. Во финишот гостите имаа неверојатна шанса за 3:3 ама топката која го помина и голманот Куртоа, наеднаш сопре кај тревникот пред гол линија.

Пакета кој е обвинет за кладење, се расплака на терен за жолт картон

Најголемиот бразилски талент на времето, фудбалер кој играше за Милан и Лион а сега веќе неколку години е во Вест Хем, Лукас Пакета се расплакал веднаш откако главниот судија на мечот Тотенхем - Вест Хем (1:1) во Лондон му покажал жолт картон.

Радуј се Хари и треба да се радуваш

Еден од најдобрите светски центарфори, Хари Кејн конечно го скина „проклетството“ на неосвоен трофеј откако Баерн Минхен во неделата доцна попладне благодарение на ремито на Фрајбург со Баер Леверкузен и официјално математички е шампион на Германија!

Циркус во Премиер лига, судијата се повреди, Варди свирна прекин

Лестер го совлада Саутхемптон со 2:0 во 35. коло во Премиер лигата. Џејми Варди беше стрелец, а во еден момент и судија на мечот.

Алиоски и Ал Ахли прваци во азиската Лига на шампиони

Ал Ахли испиша историја и за прв пат успеа да го освои најелитното клупсо натпреварување на азискиот континент. Џани Алиоски стана трет Македонец со овој трофеј.

Јамал им направи „Где је лопта“ на тројца

Со головите на Рафиња и Лопез постигнати за 7 минути, Барселона славеше 1:2 со пресврт на гостувањето против Ваљадолид. Тројца не можеа да му ја земат на Јамал. Ги поремети.