
Со оваа победа Реал Мадрид остана на -4 од лидерот Барселона во Ла Лига на 4 кола пред крај. Доколку изгубеше „кралскиот клуб“ ќе беше на -7 бода што ќе беше тешко достижна предност.
Сега на програмата на 11-ти мај е големото „ел класико“. Барселона е домаќин и тука може многу работи да бидат појасни околу новиот шпански шампион.