Радуј се Хари и треба да се радуваш

Еден од најдобрите светски центарфори, Хари Кејн конечно го скина „проклетството“ на неосвоен трофеј откако Баерн Минхен во неделата доцна попладне благодарение на ремито на Фрајбург со Баер Леверкузен и официјално математички е шампион на Германија!

Готово е. Хари Кејн го тргна фамозното „проклетие“ што го следеше со години. Тој скоро една деценија е еден од најрасните светски стрелци, играше финале на Лига на шампиони и други битки за трофеј како играч на Тотенхем но никогаш не успеа да освои ниту еден пехар.

Сега тоа му го овозможи Фрајбург кој со ремито 2:2 против Баер Леверкузен му донесе титула на Баерн Минхен во Бундеслига на две кола пред крај. Откако Фрајбург ремизирал со Баер Леверкузен, тимот на Чаби Алонсо остана без шанси да ја одбрани титулата, а во истовреме фудбалерите и стручниот штаб на Баерн Минхен се собрале во минхенскиот ресторан Кафер каде го следеле натпреварот од Фрајбург.

Со 24 гола и 9 асистенции на 29 натпревари во Бундеслига, Хари Кејн е најдобар стрелец во првенството и до крај ќе се бори за наградата „Златна топка“ за најдобар стрелец во Европа.

Кејн знаеше да ја прослави титулата со неговите соиграчи:

 

„Ова е неверојатно чувство! Им честитам на играчите на прикажаната игра цела сезона. Сега имаме време да уживаме што ја освоивме Бундеслига“, рекол тренерот Венсан Компани во кого многумина сомневаа.

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл додал: „Сега ние со нетрпение го очекуваме славјето со навивачите следната сабота на стадионот“.

Шампионскиот пехар на Баерн ќе му го врачат на 10-ти мај на „Алијанц Арена“ по мечот против Борусија Менхенгладбах.

Сите досегашни шампиони на Германија:

5 мај 2025 - 08:03