
Наполи, Интер и Аталанта, која е веќе со една нога влезена, ќе бидат на есен италијански претставници во ЛШ.
За четвртата позиција, ситуацијата никогаш не била ваква. Јувентус 63, Рома 63, Лацио 63, Болоња 62, па и Фиорентина 59 која сè уште има шанси.
Тоа се четири, односно пет екипи во битка за едно место. Бодовно Фиорентина е во најтешка позиција бидејќи во игра се 9 бода, а тие после поразот од Рома заостануваат 4.
Ако се погледнете распоредот, на сите им гори под нозе и повеќе од јасно е дека одлучувачки ќе бидат директните дуели.
Лацио, Рома и Болоња имаат по два тешки противника, а Јувентус само еден, а тоа дуелот против Лацио следно коло, кој голема е веројатноста да одлучува за четвртата позиција.
Рома до крај се среќава со Аталанта и Милан, а Болоња со Милан и Фиорентина. Распоредот е пекол.
Во случај на ист број на бодови на три екипи како што е сега, важат следниве критериуми по редослед на важност: Бодови во меѓусебни дуели, гол разлика во меѓусебни дуели, вкупна гол разлика, вкупен број на постигнати голови, ждрепка.
Во моментов во предност е Рома бидејќи во дуелите со Јуве и Лацио има освоено 6 бода, Јуве 5, а Лацио 1.
Инаку 1-4 место играат ЛШ, 5-то место ЛЕ, а 6-то квалификации за Конференциска лига.
Ако освојувачот на Купот веќе е пласиран во Европа преку Серија А, тогаш и шестиот на табела ќе игра ЛЕ, ама квалификации, а седмиот квалификации за КЛ.
Милан па како деветтопласиран, шансата за излез во Европа ќе ја бара преку Купот на Италија, кој доколку го освои во финале против Болоња, ќе игра во ЛЕ.
36 коло:
Милан - Болоња
Лацио - Јувентус
Аталанта - Рома
Венеција - Фиорентина
37 коло:
Фиорентина - Болоња
Интер - Лацио
Рома - Милан
Јувентус - Удинезе
38 коло:
Болоња - Џенова
Лацио - Лече
Торино - Рома
Венеција - Јувентус
Удинезе - Фиорентина