Пакета кој е обвинет за кладење, се расплака на терен за жолт картон

Најголемиот бразилски талент на времето, фудбалер кој играше за Милан и Лион а сега веќе неколку години е во Вест Хем, Лукас Пакета се расплакал веднаш откако главниот судија на мечот Тотенхем - Вест Хем (1:1) во Лондон му покажал жолт картон.

Пакета пред две години беше обвинет дека наводно намерно добивал жолти картони, а откако настана целиот случај, Манчестер Сити кој беше силно загреан за него и спремен да плати повеќе од 80 милиони фунти, се откажа од Бразилецот.

Дваесет и седум годишниот Пакета кој игра за репрезентацијата на Бразил беше обвинет дека намерно добивал жолти картони во Премиер лига, за што негови блиски пријатели и роднини се кладеле токму на такви типови дека Лукас ќе добие жолт картон.

Тој наводно тоа го правел во периодот меѓу ноември 2022 и август 2023-та.

Тренерот на Вест Хем Грем Потер набрзо по жолтиот картон го извади од игра а после мечот изјави дека многу сака Пакета и дека тој е добро момче што се нашло во лоши околности.

Фудбалската асоцијација на Англија води процес против него и се очекува да биде суспендиран на подолг период ако се докаже дека навистина намерно добивал жолти картони за игри на среќа.

5 мај 2025 - 08:16