Offside

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Каков податок за Јувентус

Со хет-трик на сјајниот Полјак Аркадиуш Милик и еден на младиот бисер Кенан Јилдиз, Јувентус со 4-0 го декласираше Фрозиноне во Купот на Италија и се пласираше во полуфинале од ова натпреварување каде ќе ги чека Лацио. Бјанконерите, пазете ова, во една недела на три меча дале повеќе голови (12) отколку за два месеци претходно. Во ноември и декември постигнале 11 погодоци.

Бекам и Роналдо гледаа НБА меч во Париз

Најдобрата кошаркарска лига на светот во последните неколку сезони практикува во текот на годината да ги прати екипите да одиграат меч од редовно коло во европските метрополи. Така на меч во Париз меѓу Бруклин и Кливленд Кавалирс шоуто го следеа и Бекам и легендарниот Роналдо.

Во Ријад во 10 минута се скандираше за Меси

Барселона ја совлада Осасуна со 2:0 и закажа Ел Класико во финалето од шпанскиот Супер Куп. Мечот го решија Левандовски и 16 годишниот Ламин Јамал, кој постигна втор гол за Барса после деби погодокот во октомври.

15 години од невиденото ремек дело на подзаборавениот Јохан Гуркуф

Со талентот кој го имаше, стилот на игра и техничките способности, го споредуваа со Зинедин Зидан, но неговиот потенцијал не излезе целосно на површина. Кариерата ја мина во Франција, со исклучок на двете сезони во Милан со кој ја освои европската титула во 2007-ма. Гуркуф е автор на гол за Бордо против ПСЖ, прогласен за број 1 таа сезона од страна на навивачите. Не се гледа секој ден вакво нешто. Генијално.

Откачената асистенција на Теодосиќ која ја искоментира Дончиќ

„Не бев уште роден кога почна да ги прави овие додавања“, напиша Лука Дончиќ за лудиот пас на српскиот ветеран, на кој оние 36 години му се само бројка. Инаку Црвена Ѕвезда го доби Милано на гости во Евролигата со 76:62.

Земјата со 50.000 жители денес дебитира на Европско првенство

На Европското првенство во ракомет има три селекции кои за првпат ќе играат на големо натпреварување: Груција, Грција и Фарски Острови.

Рудигер го штипеше Мората за брадавица

Само еден ден откако му се чудевме на паметот на Колумбиецот Јери Мина, уште еден фудбалер се истакна на сличен идиотски начин, а тоа е Антонио Рудигер на синоќешното полуфинале во шпанскиот Супер Куп меѓу Реал и Атлетико.

Ацо Јоноски со мангупска маица ја бодреше Македонија од трибини

Популарниот столб во одбраната на Металург и македонската репрезентација, кој по завршувањето на кариерата остана да работи во Германија, во Дизелдорф се појави со уникатна маица на која стои: „Ние сме Македонци,  пиеме ракија и јадеме скара“.

Анегдота на Малдини за Галијани

„Во 2003-та година на недела дена пред полуфинале со Интер во Лига на шампиони го скршив носот. После операција отворам очи и чекав да ја видам жена ми. Кога пред мене стои Галијани со прашање: „Ќе играш нели?“

Бомбата на Милан Лазаревски со 125 км на час

Имаше убави моменти за одбележување на Македонија против гигантот Франција, особено кога на семафорот стоеше 8:10. Голот број 1 го постигна Милан Лазаревски, кој во контра напад се крена дрско од 10 метри.

Сабаленка го закачна Ноле, ја изнасмеа цела Арена

Тенискиот крем е во Австралија. Турнирите во Бризбејн и Аделаиде се како генерална проба за големиот Гренд слем Отвореното првенство на Австралија кое почнува од 12-ти јануари а на кој титулата ќе ја брани Новак Ѓоковиќ. Србинот синоќа во мешан дубл на ревијален меч правел циркус со Белорусинката Арина Соболенка.

Милан елиминиран во Куп со смешен пенал

Милан ја загуби четвртфиналната битка во Купот на Италија од Аталанта со 1:2 и покрај тоа што поведе со голот на Леао. Двата гола за гостите ги постигна Теун Купмајнерс, вториот од пенал, кој изгледа на непостоечки. Но не е само тој момент спорен. Судијата синоќа по сè изгледа ги измешал брзините со пеналите.

Како изгледаше новиот светски рекорд - 53.586 гледачи на ракометно Европско првенство

Европското првенство 2024 во ракомет го отворија Франција и Македонија со триумф на Французите 39:29 (17:13). Овој меч се играше пред речиси 50.000 гледачи, а рекордот беше поставен неколку часа подоцна кога за вториот дел од групата меѓу домаќинот Германија и Швајцарија на трибините имало 53.586 гледачи.

Фото на денот

53.586 гледачи го следеле отворањето на Европското ракометно првенство меѓу Македонија и Франција во „Меркур шпил арена“, што е апсолутен рекорд за еден ракометен натпревар. Со оваа мега посетеност, срушен е рекордот од мечот меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург, одигран во „Комерцбанк арена“ во Франкфурт 2014-та во рамките на Бундеслигата.

Во Спорт Лајф започнува „Експерт за ракомет“

Од 10-ти до 28-ми јануари 2024 година, во обложувалниците „Sport Life“ ќе се одвива
акцијата „ЕКСПЕРТ ЗА РАКОМЕТ“, во знакот на европското ракометно првенство за мажи
на ЕХФ - ЕУРО 2024.

Срамни сцени во Ријад, свирежи на минута молк за Франц Бекенбауер

Полуфиналето од шпанскиот Супер Куп играно во Ријад меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид кое го добија „кралевите“ 5:3 после продолженијата, започна со срамни сцени откако на минута молк во чест на починатата легенда Франц Бекенбауер се слушаа многу свирежи од трибините на стадионот каде со Ал Наср игра Кристијано Роналдо.

Лацио пак ја доби Рома, Мурињо ги смируваше тифозите

Со голот на италијанскиот репрезентативец Ѕакањи од пенал во 51’ минута Лацио минимално со 1-0 ја победи Рома во вечното римско дерби и се пласираше во полуфинале на Купот каде ќе го чека подобриот од дуелот Јувентус - Фрозиноне.

Мега шоу меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид во Ријад

Шпанскиот Супер Куп веќе неколку години по ред се игра во Садуиска Арабија и се игра турнирски со полуфинале и финале. Овојпат дамка фрлија гледачите во Ријад кој пред почетокот на дербито ја исвиркуваа минутата молк за починатата легенда Франц Бекенбауер.

Франција пресилна за Македонија, пораз на стартот

Пред рекорден број гледачи за еден ракометен натпревар, пред речиси 50.000 присутни, Македонија вечерва загуби на почеток на Европското првенство од ракометниот хегемон Франција 39-29.

Кога не оди, не оди, па тоа ти е

Меч од Копа Либертадорес во Колумбија, домаќинот Атлетико Насионал има 100% шанса за гол, ама сè тргнува накриво. Па дури и покрај аут линијата.

Ракометната бајка во Србија кога Македонија стана петта европска сила

Ако на младите надежи на Кире Лазаров им треба дополнителна мотивација за големиот настан во Германија, им најдовме видео кое се гледа во еден здив.

Сте ја виделе ли буквата Т на Алијанц Арена во Минхен

Во 2005-та година Баерн Минхен се пресели на новата и велелепна „Алијанц Арена“ и веднаш претстави една воочлива карактеристика на стадионот.

Шут за 100.000 долари

Едно време за оваа забава на полувреме во НБА даваа по 10 бона, ама сега ја појачале сумата со уште една нула, за да ти биде 10 пати повеќе криво ако промашиш. Навивач на Лејкерски се проба од пола терен и мапгупски ја исполни задачата.