34 години од Дарко, Дарко, Дарко!

На денешен ден пред точно 34 години, белградска Црвена звезда оствари историски успех откако стана шампион на Европа. Црвено-белите на 29. мај 1991 на стадионот „Свети Никола“ во Бари во финалето на Куп на европски шампиони (денес Лига на шампиони) го совладаа силниот Олимпик Марсеј на пенали 5:3 откако во основното време резултатот беше 0:0.

После 120 минути игра во кои тренерот Љупко Петровиќ се реши изненадно за одбранбена тактика наместо отворен фудбал каков што Звезда играше во текот на целата сезона, црвено-белите славеа во пенал рулетот кој го реши Дарко Панчев во последната серија.

Еден од клучните играчи на Белграѓани беше Илија Најдоски кој одигра маестрална партија во одбраната.

За Црвена звезда прецизни беа Роберт Просинечки, Драгиша Биниќ, Миодраг Белодедиќ, Синиша Михајловиќ и Дарко Панчев. Белградскиот клуб претходно ги совлада Грасхоперс (1:1, 4:1), Глазгов Ренџерс (3:0, 1:1), Динамо Дрезден (3:0, 3:1) и Баерн Минхен (2:1, 2:2).

Составот во финалето беше: Дика Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ (Стошиќ), Бинниќ.

На 8-ми декември истата година, Црвена звезда во Токио го совлада Коло Коло од Чиле во Меѓународниот Куп и стана светски шампион.

 

29 мај 2025 - 10:38