И за Манчестер Јунајтед имало отворен автобус и парада за 15-то место

Најтрофејниот англиски клуб одигра очајна сезона за заборав. Завршија на 15-то место во Премиер лига и само поради тоа што екипите што испаднаа, испаднаа бајаги порано, Јунајтед се спаси од срамот да заврши во втора лига. Изгубија и во финале на Лига Европа од Тотенхем, останаа без еврокупови. Сега се во Малезија каде изгубиле од тамошна екипа на сите ѕвезди на Азискиот фудбал 1-0. А им направиле и парада со отворен автобус како да се шампиони.

Манчестер Јунајтед стигнал да изгуби и од селекцијата на сите ѕвезди во азискиот фудбал со 1:0. А играле сите првотимци и Хојлунд и Дало и Угарте и Каземиро и Доргу и Онана и Мегваер и Бруно Фернандеш и Амад Диало и Гарначо.

29 мај 2025 - 09:18