Offside

Некогашната НБА ѕвезда, великанот на југословенската кошарка Владе Диваац во подкастот „Фаст Брејк“ кај Бајрон Скот откри неколку интересни анегдоти и призна дека направил грешка што го пуштил Лука Дончиќ иако можеше да го доведе во Сакраменто Кингс кога беше директор во клубот.

Разгалени навивачи го набркаа Атаман во Истанбул

Турскиот тренер Ергин Атаман е најголемо тренерско име во историјата на Анадолу Ефес. Им донесе две шампионски титули по ред во Евролига во 2021 и 2022, нешто што не им поаѓало од рака ниту на уште поголеми клубови и тренери. Атаман тогаш направи врвни резултати и благодарение на тандемот Василије Мициќ - Шејн Ларкин два пати се качи на кровот на Европа. Сега веќе втора сезона го води Панатинаикос кого исто го направи европски шампион. Сезонава во плејоф му се падна неговиот Анадолу Ефес чии навивачи не покажаа респект за него. При крајот на четвриот меч кој „пиварите“ го добија за 2-2 во серијата, Атаман им мавташе со бројот 2 за да ги потсети колку евро титули им донел.

Панатинаикос и Ефес ќе решаваат во Атина, Барса и Монако во Франција

Четвртите натпревари од серијата меѓу Анадолу Ефес и Панатинаикос и Барселона и Монако донесоа најинтересен баскет досега. Во две неизвесни завршници славеа домаќините носени од своите навивачи и се изборија за мајсторки, но на гости.

Манчестер Јунајтед во Премиер лига vs Манчестер Јунајтед во Лига Европа

Многу чудна сезона игра Манчестер под водство на Аморим. Можеа да испаднат од лига ако продолженија така, а сега се блиску до европски трофеј и пласман во Лига на шампиони.

Магијата на Турам против Барселона - најбрз гол во историја на полуфинале на ЛШ

Во најдобриот фудбалски натпревар сезонава во Европа, Барселона и Интер ремизираа 3:3 на „Олимпискиот стадион“ на Монжуик. Италијанскиот тим прв дојде во водство уште во 30' секунда по сјајниот потег на Французинот Маркус Турам кој со пета го матираше Шчесни.

Мурињо за емотивната разделба со Интер

Непосакуваниот збогум од страна на двете страни се случи на 22 мај 2010-та и тоа веднаш по финалето на Сантијаго Бернабеу против Баерн, кое Интер и Пандев го добија со 2:0. Жозе практично останал во Мадрид за да потпише, бидејќи вели дека ако се врател во Милано да слави, таму и ќе останел.

Како Папаниколау го нокаутираше Реал Мадрид?

Олимпијакос не дозволи да му се случи слично сценарио како што им се случувало во минатото и на нив и на други екипи, Реал Мадрид во плејофот да ја извади слабата сезона преку нивен грб. Грчкиот состав на феноменален начин славеше 3-1 во серијата со „кралскиот клуб“ и се пласираше на Фајнл Фор на Евролига во Абу Даби.

Топ 5 потези на вечерта во НБА

Кливленд - Индијана и Њујорк - Бостон се двете полуфинални двојки во Источната конференција. На Западот Оклахома чека разврска од мајсторката меѓу Денвер и Клиперси, а Минесота го очекува подобриот од дуелот Голден Стејт - Хјустон каде резултатот е 3:2.

Почина легендарниот Маноло - „Ел бомбо“ кој со својот тапан ја следеше Шпанија насекаде

Најпознатиот шпански навивачи, Мануел Касерес Артесеро, попознат како Маноло „Ел дел Бомбо“, починал во четвртокот на 1-ви мај на 76-годишна возраст. Престанало да чука срцето на човекот кој ритмички и го подаруваше на шпанската фудбалска репрезентација повеќе од 4 децении!

Прекрасната атмосфера во Бетис и Билбао

Шпанците уште една покажаа дека се лудо вљубени во фудбалот. Синоќа во Билбао, во првиот полуфинален меч од Лига Европа, домашниот Атлетик изгуби од Манчестер Јунајтед неочекувано убедливо 0:3 но околу 53.000 навивачи во текот на целиот натпревар и после него, ги бодреа своите миленици. Во Бетис, во првото полуфинале од Лига на Конференции, домаќинот со 2-1 пред скоро 60.000 гледачи ја совлада Фиорентина. Пред мечот зелено-белите извадија прекрасна кореографија.

Џејмс Харден ги разби Јокиќ и Денвер Нагетс, серијата е 3:3

Во некоја друга фаза од сезоната, во основниот дел например, Денвер Нагетс би се поиграл со Лос Анџелес Клиперс кој го победуваа редовно и дома и гости. Но во разигрувањето за титулата ситуацијата е сосема поинаква: ЛА Клиперс синоќа го совлада Денвер 111:105 и израмни на 3:3!

Меси, Роналдо и Јамал на 17 години

Веќе има освоено Ла Лига, Копа деј Реј, Супер Куп на Шпанија и плус Европско со репрезентација. Некако прерано е ова што му се случува на детево. Не паметиме со друг вака да било. Погледнете ја статистикава.

Ракета на Антони на волеј

Бетис ја доби првата полуфиналната пресметка со Фиорентина во Конференциска лига со 2:1. Ново голчиште на Антони, кој игра во топ форма. Iма дадено повеќе голови на 19 меча за Бетис, отколку на 72 за Манчестер Јунајтед. Другиот го постигна Абде Езалзули кој за влакно не го изеде срамот. 

Бекам ли е, Хари ли е?

Очајниот Манчестер Јунајтед сезонава во Премиер лига е многу блиску до финале во Лига Европа. Со три комада уште во прво полувреме, победи 0:3 на многу тешко гостување во полуфинале против Атлетик Билбао. Два даде Бруно Фернандеш и еден Каземиро. Цел Твитер е полн со Хари Мегваер и она што го одигра по крило за првиот гол. Бруно е најјак, на Инстаграм му го оставил следниов коментар: Харолдињо.

Јамал дробел уште на 12 години

И после ќе се чудиме за ова што го прави сега на 17. Во клип од 1 минута сè ќе ви стане јасно.

Баркли: Лука ќе потпишува договор од 300-400 милиони, а не може ни стол да чува

Минесота Тимбервулвс го збриша Лос Анџелер Лејкерс со 4:1 во првата рунда од плејофот. Чарлс Баркли со остра критика за играта во одбрана на Дончиќ: „Тој е елитен играч кој се спрема да потпише договор вреден 300-400 милиони долари. Како прво мораш да се вратиш во форма за да ги заслужиш тие пари. Лука не може да чува никого, па дури ни својот стол. Мора да научи да игра одбрана“, рече Баркли.

Топ 5 играчи во НБА според Јокиќ

Тешко прашање за Никола Јокиќ. Требаше да одбере најдобра петорка во НБА, но наброи 8 играчи.

Спектакл во Барселона, Интер јуначки во Каталонија

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Кореографијата на Арсенал од Тему да не ја нарачале?

Стигаат до полуфинале во Лига на шампиони после 16 години и вадат кореографија како да е ова пријателска против Свонси, 1940-та.

Говорот на Стоичков во соблекувалната на Македонија

Фудбалот и хуманоста победија во Варна. ФФМ објави видео од атмосферата во соблекувална пред пријателската меѓу легендите на Бугарија и Македонија. Ѓоко Хаџиевски му се заблагодари на Христо Стоичков за организацијата, а поранешниот ас на Барселона рече: „Политика нас не не интересира. Ние сме биле пријатели како на теренот, така и надвор и ќе останете пријатели цел живот. Ние сме браќа, тоа е она што е најважно за мене“.

Како Ханси Флик направи чудо со Барселона?

Ханс-Дитер Флик ја презема Барселона кога други бегаа и се криеа од управувачкиот хаос кој владееше на „Камп Ноу“. Прогнозерите и предвидуваа на Барселона втора сезона без титула. И покрај тоа, Барса во моментов е најјака европска екипа, освои два трофеи до мај месец и се бори за уште два!

Антиќ: Томица е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија

По шест години, Перо Антиќ се одјавува од функцијата прв човек на Кошаркарската федерација на Македонија. На неговиот наследник му дава апсолутна поддршка.

Луда прослава - Шарунас Јасикевичиус го фрлија во џакузи

Легендарниот литвански кошаркар сега со голем успех го води Фенербахче. Турскиот гигант се пласира на нов завршен турнир за титулата во Евролига откако во четвртфинале го испраши Париз со 3-0 во серијата. Синоќа на гости во Франција Фенербахче славеше 88-98 а играчите при прославата го прскаа Јасикевичиус со шампањско и го фрлија во џакузи.