Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Како ли да му ги прочита човек овие пасови?

Денвер Нагетс го доби Лос Анџелес Клиперс во загревањата пред НБА стартот со 102-94. Јокиќ одигра 22 минути и го заврши мечот со 12 поени, 9 скока и 6 асистенции. Пак имаше додавање за посебен клип на социјалните мрежи.

Тениска сензација во Шангај: квалификант после Ѓоковиќ, победи братучед во големо финале

Дваесет и шест годишниот тенисер од кнежевството Монако, Валентин Вашеро, анонимен на тениската јавност сè до големиот Мастерс во Шангај, е нов сензационален шампион на овој турнир.

Веселин Вујовиќ распали по Пикси: „Великомаченику, успеа во невозможното“

Некогашниот тренер на РК Вардар 1961 и миленик на скопските „Комити“, ракометниот стратег Веселин Вујовиќ отворено распали по Драган Стојковиќ - Пикси кој по дебаклот 0:5 од Англија, синоќа претрпе уште потежок пораз, 0:1 од Албанија на домашен терен.

Халанд промаши два пенали во две минути

Норвешка е најубедлива репрезентација во квалификациите за Светско првенство 2026. Норвежаните не играле на Мундијал уште од далечната 1998-ма година а сега се речиси сигурен учесник на следното Светско. Таму ги носи Ерлинг Халанд најдобриот светски центарфор во моментов. Синоќа Норвешка со 5:0 го растури Израел а Халанд иако промаши 2 пенали во само 2 минути на крај забележа хет-трик.

Шоу на Меси и Суарез, голови како во најдобрите денови

Интер Мајами со 4-0 ја совлада Атланта Јунајтед во 33. коло од МЛС лигата во САД. Лионел Меси постигна два гола а имаше и асистенција до Жорди Алба. Шоуто го украде Луис Суарез, ветеранот постигна неверојатен гол и докажа дека уште има фудбал во него. Лионел Меси игра исто во фантастична форма и сезонава веќе има 26 гола и 15 асистенции на 27 натпревари.

Голема победа на Албанија во Србија, Пикси доби отказ

Фудбалската репрезентација на Албанија, предводена од Бразилецот Силвињо направи изненадување и во Лесковац ја совлада Србија 0-1 во дуел кој многу лесно би можел да значи дека Албанците на крајот ќе одат во бараж а Србија испаѓа од игра за Светско првенство.

Убав гест на Столе

Димитриевски искина на голот на Македонија и е можеби најзаслужниот што Белгија не успеа да ни даде гол. Спречи неколку чисти голови, а на крај им се заблагодари на македонските навивачи за поддршката и им го подари дресот.

Мбапе дар мар ја направи одбраната

Франција го совлада Азербејџан со 3:0 и има 3 од 3 во својата група, каде се уште и Исланд и Украина. Головите ги дадоа Мбапе, Рабио и Флоријан Товин. Килијан тргна и толку беше. Немаше спас за гостите.

„Бисер балкански“ и „Заветна“ среде Гент

Македонија имаше голема поддршка на важното гостување во Белгија каде стигна до голем бод, со кој ги задржа шансите за историски пласман на СП 2026. Нашите навивачи во форма, секогаш и секаде.

Бункерот на Македонија во еден клип

Македонската фудбалска репрезентација со целосно дефанзивна тактика стигна до голем бод во Гент. Белгијците притискаа од сите страни, но не најдоа лек за македонската одбрана и Столе Димитриевски. На средина од првиот дел, нашите фудбалери имаа четири блока во само 10 секунди. Каква драма.

Мундијалскиот сон е жив, Милевски паркираше автобус во одбрана

Се повтори Брисел 1994-та. Македонската фудбалска репрезентација освои голем бод на гостувањето против големиот фаворит Белгија. На 2 кола до крај остануваме први на табела, но со натпревар повеќе.

Златко Далиќ, прв селектор со 100 меча за Хрватска

Осум години. Сто натпревари. Три медали за хрватскиот фудбал. Тоа е успехот на човекот кој во 2017-та изјави: Сакам само да одам на Светско првенство со Хрватска.

Тренерите со најдолг стаж во Премиер лигата

Јирген Клоп врза 8 и кусур години во Ливерпул, каде испиша историја со 8 трофеи, меѓу кои Премиер лига и ЛШ. Гвардиола на Етихад е над 9, во кои стигна до 18 трофеи. Но кога е стаж во прашање, тешко достижни се легендарните Венгер и Фергусон, со кој се одбележа една славна ера на островот.

Легендарниот Дончо растура француски на гостувањето во Белгија

Освен хајлајтсот и головите од ремито на Македонија против Белгија кое се одигра во Брисел пред 31 година, налетавме и на нивно видео со изјави од таа средба. Андон Дончевски цепа на француски.

Ремито против Белгија и голот на Чоко со коментар на Атанас Костовски

Македонската фудбалска репрезентација вечерва како лидер во групата Ј го игра 6. квалификациско коло за СП 2026. Мундијалскиот сон е сè уште жив. Следува најтешкиот натпревар. Можеби и клучен.

После убава акција на Полска, следи убав гол на Зјелински

Паралелно со мундијалските квалификации, синоќа се одиграа и неколку пријателски средби. Полска го доби Нов Зеланд со 1:0. Фино ги изработија, а на крај Зјелински ја заби во гол атрактивно.

Мбапе: Многу се зборува за приватноста на Јамал, треба да го остават на мира

„Ламин е голем играч, но тој е сепак 18 годишно момче. На тие години, сите прават грешки, но тој ќе го стекне животното искуство, ќе научи што е добро, а што лошо за него. На крајот сите треба да го гледаме тоа што го прави на терен. Нека му е со среќа“.

Австрија со рекордни 10:0 против пица мајсторите од Сан Марино, Арнаутовиќ им даде 4

Селекцијата на Австрија играше ракомет против аматерите од Сан Марино. Марко Арнаутовиќ стана најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Еден од најјаките поени во историјата на НБА

Сме виделе мал милион атракции под кош и тројки од пола терен или од кош на кош, ама ова е вистинска реткост. Оклахома Сити го совлада Шарлот Хорнетс со 122:116 во предсезонските натпревари. 21 годишниот Кејсон Волас ги збуни сите.

Лудило прием на Кварацхелија

Скок, одраз, контрола, елеганција во движење. Во линија со глава ја крена ногата. Нереално.

Море син му на Гризман да видиш што талент бил

Рударејќи по интернет најдовме информација дека сите три деца на најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид Антоан Гризман биле родени на 8-ми април! Неверојатна коинциденција. А едно од децата, малиот Амаро Гризман има таква дарба за фудбал што многумина му предвидуваат кариера како татко му.

Ѓоковиќ освои чудесен поен и закажа полуфинале во Шангај

И покрај многуте проблеми поради тешките услови за игра во Шангај каде влажноста била преголема, Новак Ѓоковиќ преброди уште една препрека и се пласираше во полуфинале. Српскиот тенисер уште од почеток на турнирот на 3 натпревари повраќаше и имаше потешкотии со прилагодување на амбиентот и големата влажност. Денес во четвртфинале заигра после тешката борба во осминафинале со Шпанецот Мунар, и го совлада младиот Белгиец Зизу Бергс со 2-0 по сетови 6:3, 7:5.

Џерард објаснува како Сколс би се снашол во сегашната Премиер лига

Играа заедно за репрезентација, но цела кариера беа ривали во нивните клупски кариери како легенди на Ливерпул и Манчестер Јунајтед. „Би ги тероризирал сите“, вели Стив за Пол.