Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Видео за Лацио носталгичари

Лацио пред 25 години со Крањоти, нема допирна точна со сегашниот Лацио на Лотито. Во тоа време со Свен Горан Ериксон како тренер освоија Серија А, два пати Куп на Италија, два пати Супер Куп на Италија, Куп на Куповите на победниците, Супер Куп на Европа, а играа и финале во Куп на УЕФА. Имаме „пред и потоа“ видео со дел од јунаците.

ЕХФ воодушевен од Филип Кузмановски

Екипата на Еурофарм Пелистер го запиша и третиот пораз по ред во елитната Лига на шампиони откако синоќа изгуби 36-25 од Висла во Полска. По поразите од ПСЖ во Париз и ГОГ Гудме во Битола ова беше трет загубен дуел за Битолчани. Пелистерци се држеа дваесетина минути но Висла резултатски се одлепи па гостите бркаа приклучок до крајот. Кај Пелистер, Дејан Манасков имаше седум гола, Павле Атанасијевиќ четири, додека Никола Митревски фати девет топки. Филип Кузмановски постигна само два гола од кои едниот беше објавен на страниците на ЕХФ со прашање: „Дали е ова најдобриот шутер во ЛШ“?

Американизација на европскиот фудбал: Барселона - Виљареал ќе се игра во САД

Шпанска Ла Лига и италијанска Серија А после долги години убедувања и преговори, успеаа од УЕФА да добијат дозволи некои нивни натпревари да се играат во САД и Австралија.

Нема да видите појак шут неделава

Либија и Зелено'ртски острови одиграле луд натпревар во квалификациите за Светско првенство. Домаќините први повеле после само неколку секунди од стартот на дуелот со автогол. Резултатот неколку пати се менувал, а два гола биле интересни. Едниот го дал Либиецот Таха Ал-Шалави во 58-ма минута за 3-1, а едниот гостинот Сидни Кабрал во 76-та минута за 3-2 по голем кикс на домашниот голман. Зелено'ртски острови се први на табела со дури 20 бода и големи шанси за пласман на Светско 2026.

Холандска полиција бара тројца турски навивачи за обид за убиство

Пред и по натпреварот Фенербахче - Феенорд во Истанбул, во 3. квалификациско коло за Лига на шампиони имало неколку инциденти по улиците и близу стадионот. И сè е разбирливо, и навивачка тензија и тепачки ама ова што го правеле тројца Турци е за секоја осуда. Се обидувале да фрлат бетонски столб врз противнички навивачи при што удриле еден холандски навивач кој претрпел потешка повреда. Сега холандската полиција и обвинителство ги бараат трите лица за обид за убиство. Повредениот навивач два месеци не можел да оди на работа, не можел да вози и имал главоболки.

Една јака идеја да почнеш натпревар

За време на малото шкотско дерби Хартс - Хиберниан, домаќините го отвориле натпреварот со необичен почетен удар: рогање на топката со сета сила пред противничкиот гол. Организиран хаос на терен. Хибси вратија исто на почеток на вториот дел. На крај домаќините победија 1-0 со гол во 90+1' минута на Хакет.

Најлошата голманска проценка во мундијалските квалификации

Ниту имаше, ниту ќе видите поаматерски кикс во квалификациите за СП 2026. Либија имаше 3:1 против Зеленортски Острови на 15 минути до крај, но сепак не успеа да победи и мечот заврши 3:3. Во 75-та минута им одмогна голманот.

Пензионирајте го по брза постапка

Без разлика на рангот, петта, осма или селска лига, не можеш вака пријателе како на мајтап. Па уште и клучен пенал.

Медведев: Мене ме казнивте од прва, а Рафа секогаш се местеше по 55 секунди

Данил Медведев е четвртфиналист на мастерсот во Шангај, откако го совлада Американецот Лернер Тиен со 2-1. Ама Данил ко Данил, мора да го чепне судијата.

Анри од Тему

Легендарниот француски напаѓач знаеше да се послужи со оваа фора, ама тоа го правеше прецизно и елегантно, за разлика од неговиот најнесоодветен наследник.

Мааната на Гигс која му ја откриле во Манчестер Јунајтед

Рајан Гигс му ја посвети цела кариера на Манчестер Јунајтед (1990-2014). Легендата ораше по крило до 40 години, ама на почеток го забележале дека има проблем со преглед на играта и погледот го вртел само на едната страна. Арно ама клубот имал експерт за тоа, инаку жена, која работела со него на таа проблематика. 23 години подоцна Гигс стана рекорер на клубот со 963 настапи и освои многу трофеи меѓу кои 13 титули во Премиер лигата.

Видеото со кое Жорди Алба го соопштува крајот на кариерата

По две децении, 715 клупски и 93 репрезентативни натпревари, Жорди Алба на 36 години се повлекува од играње фудбал. Освои 17 трофеи со Барселона, 2 со Мајами, како и Европско и Лига на нации со Шпанија. Одлуката ја донел, како што вели со целосна сигурност, мир и радост. Пред неполни две недели крајот го соопшти и Серхио Бускетс.

Кристијано Роналдо е првиот фудбалер - милијардер

Петкратниот освојувач на Златната топка стана дел од ексклузивната листа на спортисти, откако потпиша нов ултра профитабилен договор во Саудиска Арабија.

Податок на денот за Лука Модриќ

Вимавајте добро на извештајот на Опта, кој се однесува на Индексот на додавања во најсилните 5 лиги во Европа за оваа сезона. На 40 години држи прва позиција, пред сè друго старо, младо и талентирано.

Леброн најави голема и важна вест, па ги изманипулира сите

Леброн Џејмс пред неколку дена најави дека во вторник вечер ќе ја каже „одлуката на сите одлуки“, како што беше насловена фамозната одлука која ја шокираше НБА лигата во 2010-та година кога најави дека преминува во Мајами Хит. Сега сите очекуваа спектакуларна вест и веројатен крај на неговата кариера. Тој да ти го рекламирал пијалакот Хенеси.

Тргнете се, Вембанјама се залета

Еден од највисоките кошаркари кои некогаш играле во НБА, Виктор Вембанјама од Сан Антонио Спарс знае како да пробие противничка одбрана и како да забие како грмотевица.

Коментаторот на Челси полуде за победничкиот гол со Ливерпул

Челси го реши шампионот Ливерпул со голчиште на Еквадорецот Моизес Каиседо и деби гол на Бразилецот Естевао во 90+5' минута од судиското продолжение. Досега црвените даваа еден куп голови во судиско продолжение за победа а сега примија таков погодок.

Споредба на цени на карти за Светско 2022 и Светско 2026

При првиот таканаречен прозор на ФИФА во кој само мал број среќници избрани на лотарија стекнаа право да можат да купат карти и притоа да ги видат цените за фудбал на Светско 2026 во САД, Мексико и Канда, некои искористија да ги прикажат јавно сумите за карти за Мундијалот. Многу поскапо отколку претходниот.

Моментот кога Ивановски го претрка Кениецот на 500 метри до целта

Дарио Ивановски триумфираше на Скопски маратон со време од 2:14:50 часа, а до победата дојде кога го остави зад себе Џулиус Кипкоеч, кој долго време водеше во трката. Нашиот најдобар маратонец „го изеде“ Кениецот на кривината од Тутунски комбинат према ЗОИЛ, а моментот го има уловена извесна Анџела.

Магија на Кејд Канингем

Детроит со говлада Мемфис со 128:112 во предсезонската програма на НБА натпревари. Кејд Канингем сака да ви покаже нешто што многу ретко се гледа под кошевите.

Најстариот голман на светот е од Италија и има 82 години

Ламберто Боранга ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот голман кој некогаш чувал гол на некој италијански и општо кој било светски клуб.

И во стручен штаб на Баерн се чудат на Кејн

Најнормална работа е кога Баерн Минхен победува, Хари Кејн да биде меѓу стрелците со минимум еден гол. И викендов стрелаше на гости против Ајнтрахт и сега на конто има 18 комада постигнати на само 10 меча. Рене Мариќ му е асистент на Компани. Погледнете му ја реакцијата.

Руне врати и зема поен на сервис од 235 км

Холгер Руне е четвртфиналист на Мастерсот во Шангај, откако го елиминираше Мпетши Перикар. Французинот во вториот сет испорача екстра силен сервис со брзина од 235 км на час. Погледнете го одговорот на Данецот.