Косовска асистенција на шашма

Изненадувањето на вечерта во мундијалските квалификации го направи селекцијата на Косово, која ја победи Шведска и тоа на гости. Стрелец на голот беше Фисник Аслани, после многу к`сметлиска асистенција на Велдин Хоџа. Муричи го погоди Хоџа во нога, по што топката се најде токму на местото на Аслани. Ретки се овие голови.

Инаку Косово два пати ја совлада Шведска и се втора во група.

А пред 12 години Швеѓаните столчиња им дадоа, како поддршка за развој на фудбалот. 

14 октомври 2025 - 12:38