Offside

Легендарниот бразилски центарфор кој во еден момент беше можеби најдобар шпиц на светот, во отворено интервју за Газета дело Спорт раскажува за својата неверојатна кариера и како тоа што селекторот на Бразил Сколари не го повикал бил повод да падне во тешка состојба и да посегне по разни супстанци.

Шпанија 12 години нема пораз на ЕП, Чесите капитулираа во 87’ минута

Шпанија триумфално ја започна одбраната на Европската титула освоена во 2012-та, откако денес ја совлада Чешка која одлично се бранеше до три минути пред крајот од мечот. 

Чекај, а УЕФА кој ќе ја казни за пропустите?

Раководството на УЕФА отвори истрага против Русија поради хулиганите а истовремено и се закани на Англија, но прашањето е кој ќе одговара за несоодветниот распоред на селекциите во градовите.

Ирците и случајниот минувач

По серијата тешки видеа за гледање од Марсеј, конечно стигна нешто интересно од Франција. Навивачите на Ирска почастиле пиво еден случаен минувач, па му ја испеаа фамозната песна за браќата Коло и Јаја Туре.

Не се кладете како Андријана Јаневска

Во плејадата прогнозери за средбите од Европско деновиве се огласија и нашите поп пејачи. Андријана Јаневска на пример типува на Холандија, селекција за која навивала уште пред 26 години, па дури и денес кога холандските фудбалери Европското го гледаат пред телевизија.

Петте натпревари на Шпанија одиграни на 13 јуни

Ако верувате во традиција, ама не во меѓусебни дуели, туку во малерозни датуми тогаш не се кладете денес на Шпанците. Историјата вели дека воопшто не им оди на 13 јуни, датум на кој немаат победа до сега.

Ѓоковиќ зема микрофон на роденден и се распеа

Најдобриот светски тенисер синоќа на роденденот на неговата сопруга Јелена покажа дека знае да удри бекхенд и форхенд со микрофон.

Што вели Модриќ за навивачот што влезе во терен

На мечот Турција - Хрватска на ЕП, еден навивач на Коцкестите влезе во теренот веднаш после голот на Лука Модриќ во првиот дел, за да го прослави погодокот со фудбалерите.

Најзаразната навивачка песна стигна и на Европското

Секогаш досетливите Ирци и Северно Ирци уживаат во Франција. Вториве преземаа една ретро песна после која сите сакаме нивниот напаѓач Вил Григ да даде гол на Европското.

Крајот на Хрватска - Турција со српски коментатор

Во кусиов клип треба да чуете два заклучока nа коментаторот за време на радувањето на Хрватите. Што направија на мечот и од кого “изгубија“.

Светскиот првак ја преслуша Украина

Со головите на Мустафи и Швајнштајгер, селекцијата на Германија славеше против Украина во вториот меч од групата Ц, каде денеска и Полска стигна до бодови. Украинците пружија отпор, но немаа гориво за повеќе.

Хамилтон повторно ја освои Канада

Актуелниот шампион на Формула 1 тактички ја доби битката пред Себастијан Фетел од Ферари и стигна до триумф на седмата трка оваа сезона која се возеше за Големата награда на Канада.

Милик ја реши Северна Ирска

На стадионот Алијанц Ривиера во Ница, фудбалерите на Полска и Северна Ирска го одиграа можеби најдосадниот натпревар на досегашните шест на Еврошампионатот во Франција. Младиот напаѓач на Ајакс стрелаше во второто полувреме за победа на Полска.

Еврогол на Модриќ за триумф на одличната Хрватска

На Паркот на Принцовите Хрватска ја совлада Турција со 1:0. Коцкестите одиграа одличен меч, имаа посед на топка, три погодени пречки и доминираа во текот на сите 90 минути.

Што работел Димитри Паје пред 11 години

Францускиот репрезентативец кој ја крена на нозе својата земја со голчиште во 89-та минута против Романија и им го разубави отворањето на Европското првенство, во 2005-та бил член на Нант, но истовремено диплел и алишта во бутик.

Бејл vs Словачка пред 10 години

Ѕвездата на Реал Мадрид вечерва против Словачка од слободен удар го постигна деби голот на Европските првенства. Во 2006-та го славеше дебитантскиот погодок воопшто за репрезенција, исто така против Словачка од слободен удар. Мечот беше квалификациски за ЕП 2008, а Словаците славеа 5:1.

Русија ѝ скина бод на Англија во 92-ра

Капитенот на руската фудбалска репрезентација, Василиј Березуцки ја натскока англиската одбрана и во самиот финиш успеа да ја спаси Русија од пораз. Голот од слободен удар на младиот Ерик Даер од Тотенхем, падна во вода. Тепачките од улиците во Марсеј продолжија на трибините.

Мајсторски гол на Бејл, победа на Велс

Во третиот интересен и неизвесен меч на ЕП 2016 видовме ново голчиште, овој пат дело на вториот најскап фудбалер во историјата. Словаците успеаа да израмнат и да го направат возбудлив натпреварот кој на крајот заврши 2:1 за Велс.

Руски и Англиски хулигани се одраа во Марсеј

Веќе трет ден во Марсеј траат брканици меѓу локалците (навивачи на Марсеј), руски и англиски хулигани. Во пресрет на вечерашниот дуел Англија - Русија, околу 250 навивачи на Локомотив Москва (на видеата во црни маици) во неколку делови од градот се судрија со Англичаните. На полицијата не ѝ преостанува ништо друго освен со солзавец да ги раздвојува завоените страни. Епилог: Повредени, уапсени, депортирани.

Пораз на Албанија на дебитантскиот настап

Вториот натпревар на Европското првенство 2016 се одигра во Ленс. Швајцарија со 1:0 ја победи Албанија која од 36. минута играше со играч помалку после вториот жолт картон на капитенот Цана. Сега во групата по три бода имаат Франција и Швајцарија, додека Романија и Албанија се без бодови после првото коло.

За пласман на Светско ќе бркаме 7 гола во Скопје

Неверојатниот чешки голман Мартин Галија имаше 18 одбрани и беше најзаслужен за тоа што Чешка попладнево ја победи Македонија 28:22, во баражот за Мундијалот во Франција догодина.

Голден Стејт пред титула, Кари одговори со 38 поени

Актуелниот шампион во НБА, Голден Стејт го совлада најголемиот ривал Кливленд во Охајо 108:97 и се наоѓа на чекор од одбрана на титулата. Кари одговори на критиките со нова луда партија.

Домаќините се извадија со голчиште во 89-та минута

Селекцијата на Франција не покажа многу на отворањето на Европското првенствено пред своите навивачите. Оливер Жиру со елементи на прекршок го отвори резултатот во 57 минута, по 8 минути Богдан Станку израмни од пенал, а Димитри Паје со фантастичен погодок стрелаше за победа.