Еден од највисоките и најдобри кошаркари во НБА лигата Виктор Вембанјама дефинитивно заслужено е во најтесниот круг кандидати за МВП наградата за најдобар играч на сезоната. Тој синоќа се врати на паркетот по незгодната повреда на претходниот меч и го водеше Сан Антонио Спарс до нова победа, 114:93.
Со него завршува една славна ера во Реал Мадрид, клубот во кој царуваше на терен и експлодираше со рекордни 28 трофеи од кои неверојатни 6 во ЛШ. Го теши Лукас Васкез, кој заминува од Бернабеу после 10 години.
Прекрасна вест стигнува од далечните Хималаји каде врвниот македонски хималист и кардиолог, доктор Сашко Кедев утрово го качил 13-от од 14 вкупно светски врва над 8.000 метри надморска висина!
Навивачите на АЕК од групата Оригинал 21 со 8 автобуси тргнале кон Скопје на денот на реванш натпреварот со Алкалоид. Некои поединци пристигнале вечер претходно. На плоштадот „Македонија“ во Скопје припадници на навивачката група на Вардар „Комити“ нападнале навивачи на АЕК и притоа им одзеле неколку навивачки маички.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар има освоено вкупно 6 трофеи во Куп натпреварувањата. Од нив, еден во поранешна СФРЈ и пет по независноста. Првиот Куп трофеј е освоен на 26 мај 1961 година кога во финалето на Купот на Маршал Тито, на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1.
Марсело Биелса: „Најтешкиот играч да се најде во фудбалот е оној со број 8. Го нареков „Модриќ“, бидејќи се брани како 6, а напаѓа како 10. Тој има способност да се брани, вештини за напад и разбирање на играта во двата правци“. Марка: Најдобра 10-ка во историјата на Реал Мадрид.
Македонската ракометна публика синоќа очекуваше Алкалоид да потврди дека е најдобра екипа во ЕХФ Европскиот Куп, да стави печат на финалето чиј прв натпревар во Атина против АЕК го доби убедливо со +5 гола предност.
Триесет и три годишниот доскорешен капитен на Манчестер Сити кој наскоро ќе го гледаме во Скопје на средбата Македонија - Белгија, заминува од премиерлигашот откако му заврши договорот. За 10 години во Сити во кој дојде од Волфсбург освои 15 пехари и 3 лични признанија.
Кошаркарите на Фенербахче го совладаа Монако 81:70 во големото финале на Фајнал Фор од Евролигата кое се играше во Абу Даби. По драматично тесен резултат, во финишот екипата предводена од Јасикевичиус од клупата и Марко Гудуриќ на теренот, ја освои европската титула.
Конечниот изглед на табелата во хрватската прва лига изгледа вака: 1. Ријека 65, 2. Динамо 65, 3. Хајдук 63. Овој навивач на Динамо Загреб не тагува што неговите не станаа прваци, туку се радува што Хајдук не е на тронот, а не е точно 20 години.
„Браво претседателе!“, „Секоја чест Папастаматис!“, „Вака се брани честа и достоинството“ се најголем дел од коментарите на друштвените мрежи во Грција, на веста дека АЕК реши да не излезе на терен на реванш мечот со Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот Куп во Скопје.
Во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп, на крајот од март АЕК претходно играше со белградски Партизан. Првиот натпревар во Атина го одбележаа невидени сцени кога на теренот летаа топовски удари, петарди и бакљи насочени кон играчите на Партизан. На реваншот ракометарите на АЕК се повлекоа од терен и реваншот се одигра во Бугарија.
Ристо Шиц, најпрепознатливата легенда од нашите трибини, повика еден од играчите на АЕК за да се сликаат. Ама пазете со кое знаме. Да се вратиме на насловот, може?
Алкалоид се огласи со кусо соопштение после невидената фарса која им се случи во Борис Трајковски со АЕК Атина. И се заблагодарија на публиката и соопштија дека се во комуникација со ЕХФ за понатамошниот исход од дуелот.
Во најскапиот натпревар на светот, вреден 220 милиони фунти, во финалето на баражот за пласман во Премиер лига, Сандерленд го совлада Шефилд Јунајтед 2-1 после пресврт. „Црните мачки“ славеа со погодок во последните секунди од мечот кога навивачите излудеа од радост на преполниот „Вембли“.
Најдобриот спортист на Македонија за 2024-та година, кик-боксерот Бобан Илиоски успеа да ја одбрани светската титула откако во Женева го совлада Французинот Кадри Мурсели.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со триумф на реномираниот турнир во Женева стигна до златната 100-ка на АТП турнирите и дополнително му се приближи на Роџер Федерер на вечната листа.
Ако Манчестер Јунајтед и Тотенхем се најголеми разочарувања на сезоната во Премиер лига, тоа може да се каже за Милан во Серија А. Седумкратниот европски шампион е паднат на ниски гранки со управата предводена од Американецот Гери Кардинале кој ретко се врти во клубот и постојано е во САД. Милан завршува уште една сезона за заборав, една од ретките во која остана без еврокупови за следната сезона. Катастрофа.
Интер Мајами продолжува да игра топло-ладно во новата сезона од МЛС лигата во САД. На гостувањето кај Филаделфија се изборија за реми 3:3 со гол дури во 90+5' минута од мечот. Претходно Лионел Меси намали на 2-3 во 87-ма минута со прекрасен гол во негов стил од слободен удар.