Драмата на дуелот Кристијанштад - Вардар во последните секунди

Двократниот европски првак Вардар игра супер сезона, па освен во домашното првенство нижеше победи и во ЕХФ Европската лига. Но синоќа го претрпе првиот пораз после 3 кола, во шведскиот Кристијанштад. Вардарци постојано беа во негатива, бркаа резултат и во последните неколку минути дури и преминаа во водство.

Во последната минута многу лесно можеше да се случи црвено-црните да слават нов триумф но Ален Ќосевски промаши зицер а на другата страна Аксел Мансон погоди за победа 32-31:

После 3 одиграни средби, Вардар е втор со 2 победи и 1 пораз и 4 освоени бода. Кристијанштад е прв со 5 бода (2 победи и 1 нерешена) и има 5 бода. Во следното коло Вардар го пречекува Кристијанштад во реванш-натпревар на 18-ти ноември (среда).

Standings provided by Sofascore
12 ноември 2025 - 09:40