НБА и Националната асоцијација на кошаркари (НБПА) и официјално го објавија новиот формат на Ол-стар игрите во 2026 година, кој гласи „САД против Светот“.
Натпревар, кој е закажан за 15 февруари во 23:00 часот по европско време, на домашната арена на Лос Анџелес Клиперс, Интуит Доум, во Инглвуд.
На НБА Ол-стар натпреварот ќе учествуваат два тима од играчи од САД и еден меѓународен тим, познат како Тим Свет.
Се очекува тоа да биде спектакл, кој треба да понуди квалитетна битка, со оглед на низата на ѕвезди и доминантни странски играчи во НБА.
Тимот Свет ќе го предводат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Антетокумпо, Виктор Вембанјама, Алперен Шенгун и секако ланскиот МВП, Канаѓанецот Шеј Гилџус Александер.
- Тимот А ќе игра против Тимот Б во првиот натпревар.
- Победникот од тој натпревар ќе игра против Тимот Ц во вториот натпревар.
- Поразениот од првиот натпревар, потоа ќе игра против Тимот Ц во третиот натпревар.
- По третиот натпревар, првите два тима по број на поени ќе се пласираат во финалниот натпревар (четврти по ред).

Доколку сите три тима се изедначени со ист скор 1-1, финалистот ќе биде одреден според кош разликата во првите два натпревари на секој тим.
Како и во претходните години, 24-те НБА Ол-стар играчи (12 од секоја конференција) ќе бидат избрани на следниов начин:
Првите петорки ќе бидат избрани со гласови од навивачите (50%), актуелните НБА играчи (25%) и медиумскиот панел (25%).
Седумте резервни играчи од секоја конференција ќе бидат избрани од главните тренери на НБА тимовите.
Доколку гласањето не резултира со избор на 16 американски играчи и 8 меѓународни играчи (кои по потреба може да вклучуваат и американски играчи со потекло од други земји), комесарот на НБА, Адам Силвер, ќе избере дополнителни Ол-стар играчи за да се достигне минималниот број.
Во тој случај, барем еден тим може да има повеќе од осум играчи.
