„Најскапата работа која некогаш сум ја купил? Авион, да. Имав авион од мои 30 години, но го сменив пред една година, а беше малку поскап. Имам (Бобардиер) Глобал Експрес (модел 6500). Не трошам пари (туку-така)... На пример, можам да купам што и да посакам, но не ми треба. Пред три дена купив кола, но за мојата колекција е. Сакам да купувам уметнички слики. Не дека ќе ја возам колата, туку е инвестиција.
Не знам колку возила имам, не ги бројам. Нормално е, не сакам да се правам скромен, факт. Искрено, ако треба да нагаѓам, би рекол 41, 42. Не знам, се колнам дека не знам.
Сакам Бугати, тие се подруги ѕверови. Никогаш не возам. Поминав една недела во Мадрид и не отидов ниту до гаражата да видам дали колите се таму.
Денот кога заминав, две Бугати отидоа на контрола и се вратија, ги видов, чисти се, добри се, одат во гаража. Искрен сум, колите веќе не ми се страст. Не возам многу во Саудиска Арабија затоа што сообраќајот е ужасен, но кога се враќам дома немаме ниту едно возило. Синоќа се вратив дома со моето ново БМВ, кое на сите играчи ни ги подари Ал Наср, но немав возено шест месеци“, раскажал Роналдо.